Симбол на плодност поради големиот број плодови коишто ги содржи во внатрешноста. Претставува мала витаминска бомба на вредни биоактивни состојки коишто ублажуваат многу здравствени нарушувања и состојби. Плодот има ниски вредност ина заситени масти, холестерол и натриум, а висок процент на растителни влакна. Содржи големи количества фолна киселина, витамин Ц и витамин К.
Од минералите, најзастени се фосфор, бакар, калциум, калиум и железо. Калинката спаѓа во групата на “суперхрана” и содржи големо количество антиоксиданси кои што го неутрализираат штетниот ефект на слободните радикали. Консумирањето калинка го забавува процесот на атеросклероза и го намалува ризикот од појава на болести на срцето.
