Алги на менито дома

Алги на менито дома

Со вистински кулинарски пристап, алгите можат да станат составен дел од вашата исхрана. Проширете ги своите кулинарски хоризонти со овие предлози кои се достапни нашиот пазар. Кога се овенати во салата и кога сосила се обидувате да ги грицкате во облик на чипс, голема е веројатноста да се откажете од нив. Но, има начин да го извлечете непроценливиот хранлив состав на овие морски богатства така што комплетно ќе го камуфлирате нивниот оригинален вкус.

Вид: Вакаме

ВКУС: Алга со свиленкаста текстура и сладок вкус.
КОНСУМИРАЈТЕ ЈА: За имунитет. Вакаме е синоним за јод – неопходен минерал за зајакнување на имунитетот.
ПРОБАЈТЕ ЈА СУВА: Изронете ја и измешајте ја со тофу, лук, лимета и чили, и послужете со крекери.
ПРОБАЈТЕ ЈА ВОДЕНА: Измешајте ја со киноа, сечкана ротквица и ѓумбир

Вид: Дулсе

ВКУС: Соленикав, кој потсетува на сланина.
КОНСУМИРАЈТЕ ЈА: За зајакнување на целиот скелетен систем. Во само 125 г дулсе алга има 35 % повеќе калиум од една голема банана.
ПРОБАЈТЕ ЈА СУВА: Пржете ја во масло додека стане крцкава, па комбинирајте ја со салата или омлет.
ПРОБАЈТЕ ЈА ВОДЕНА: Додајте ја во чорба.

Вид: Хиџики

ВКУС: Смел вкус со суптилен мирис на анасон.
КОНСУМИРАЈТЕ ЈА: За енергија. Алгата хаџики содржи големо количество железо неопходно за работа на мускулите, особено за луѓето кои спортуваат и имаат зголемена потреба од минералот за 30 % повеќе од вообичаено.
ПРОБАЈТЕ ЈА СУВА: Наросете ја врз варен или печен зеленчук, а највкусна е врз пченка.
ПРОБАЈТЕ ЈА ВОДЕНА: Пропржете ја со пиперки (најдобро бабури), а потоа додајте сок од портокал

Вид: Араме

ВКУС: Пријатен и малку благ.
КОНСУМИРАЈТЕ ЈА: За срцето. Оваа алга е богата со магнезиум, минерал кој според истражувачкиот тим од „Харвард“ го намалува ризикот од срцеви заболувања за 30 %.
ПРОБАЈТЕ ЈА СУВА: Сомелете ја и додајте ја во јадењата како зачин.
ПРОБАЈТЕ ЈА ВОДЕНА: Во комбинација со сечкани моркови, брокола, црвена зелка и масло од сусам

ВИД: НОРИ

ВКУС: Суптилен, но соленикав.
КОНСУМИРАЈТЕ ЈА: Како заштита против дијабетес. Нори е непроценлив рудник на најважниот витамин – витаминот Ц, кој помага при намалување на ризикот од дијабетес.
ПРОБАЈТЕ ЈА СУВА: Сечкана, додајте ја во рижото или гранола.
ПРОБАЈТЕ ЈА ВОДЕНА: Нека ви послужи како подлога за суши или измешајте ја со масло од сусам, соја сос, свеж ѓумбир и васаби во прав за да подготвите дресинг за салата.

Вид: Комбу

ВКУС: Богат и интензивен како високо-концентриран соја сос.
КОНСУМИРАЈТЕ ЈА: Бидејќи е богата со растителни блакна неопходни за стомакот. Плус, содржи ретка состојка која го спречува таложењето на вишок масти.
ПРОБАЈТЕ ЈА СУВА: Сомелете ја и користете ја за да ги зачините домашните крекери, пуканки или друг вид грицки.
ПРОБАЈТЕ ЈА ВОДЕНА: Исечкајте ја и додајте ја во веќе приготвеното просо со шитаке печурки и исемки од тиква.

Одбирајте природно

Кога купувате алги, погрижете се тие да се природни, по можност органски. Исто како рибите, така и алгите имаат тенденција да ги апсорбираат токсичните материи од водата во која живеат. Затоа, многу е важно да купувате алги од проверени производители кои ги берат од чисти средини.

Заживување на алгите

Морските алги вообичаено се сушат со цел да се задржи нивниот оригинален вкус, но и хранливите материи, а потоа се пакуваат. Со ваквата дехидратација се продолжува нивниот животен век и до две години (особено ако ги чувате на темно, студено и суво место). Затоа, препорачуваме да појдете во добро снабдена продавница за здрава исхрана и да одберете еден или повеќе видови дехидрирани (суви) алги. Пред подготовка на оброкот, ќе ги хидратирате алгите така што ќе ги ставите да отстојат во млака вода околу 15 до 20 минути. Потоа, процедете ги од вишокот вода (слободно стиснете ги меѓу дланките) па користете ги. Имајте на ум дека сувите алги го зголемуваат својот обем неколкупати штом дојдат во допир со вода. 2-3 сантиметри од алгата се доволни за една порција.