Ова мешункасто растение со векови било користено и на нашите простори. Не е јасно зошто луѓето ја исклучиле баклата од исхраната, особено затоа што има импресивен нутритивен профил. Баклата се приготвува како и сите мешунки, додека е зелена, а по вкус истовремено потсетува на грав и грашок. Баклата е е одлична замена за месо бидејќи содржи изобилство од протеини. Но, богата е и со растителни влакна, витамин К, цинк и бакар.
Она по кое предничи во однос на останатите мешунки е фолната киселина, која е неопходна за правилно функционирање на енергетскиот метаболизам, нервниот систем и за здрави еритроцити. Баклата особено наоѓа примена при третман на анемија, бидејќи истовремено го снабдува телото со железо, но и со витамин Ц кој е неопходен за да се апсорбира минералот. Влакната што ги содржи баклата се растворливи, па освен што го пролонгираат чувството на ситост, го врзуваат и вишокот холестерол. Богата е со антиоксиданти што му оди во прилог на имунитетот.