Билки што поттикнуваат раст на косата

Билки што поттикнуваат раст на косата

Не постои магична билка што ќе поттикне раст на косата преку ноќ, но постојат 4 моќни билки што докажано го забрзуваат растот на косата, ја прават поцврста и поздрава.

Рузмарин

Билка што ѝ дава живост и сјај на косата, но помага и во борбата против првутот за кој е познато дека го забрзува опаѓањето. Доколку не успеете да најдете производ со рузмарин во составот, тогаш сами подгответе вода за плакнење. Искористете неколку ливчиња и ставете ги да вријат во вода 10 минути. Процедете ја водата и штом се олади истурете ја врз косата, а потоа исплакнете со млака вода.

Камилица

На ист принцип како со рузмаринот, водата подготвена од природна камилица е одлична за да ја исплакнете косата со цел да го смирите чешањето на скалпот и губитокот на косата.

Масло од бреза

Може да се помеша заедно со шампонот или да се комбинира со други масла. Се нанесува на скалпот, но и на самата коса. Маслото од бреза го забрзува растот на косата, но поттикнува и раст на нови влакна.

Гинко

Се користи со цел да се стимулираат фоликулите да создаваат коса. Растението најмногу делува на циркулацијата, нешто што е многу важно за нов и подобрен раст на косата.