Болки во грбот

Болки во грбот

Зошто стануваат хронични?

Страдате од болки во грбот? Не сте сами! 16 милиони возрасни лица (тоа се 8 % од сите возрасни лица во светот) страдаат од болки во грбот и рбетот. Тоа е двојно повеќе од бројот на лица кои страдаат од попреченост предизвикана од срцеви проблеми.

Болките во грбот влијаат на квалитетот на животот, но прашањето е како овој навидум решлив проблем станува хроничен?

Слаби или некоординирани мускули на јадрото

Старееме, стануваме сѐ помалку физички активни, а тоа води до слабеење на мускулите особено оние на јадрото ирбетниот столб.

Овие мускули се клучни, бидејќи од нив зависи правилното држење на телото. Тие служат како поддршка на рбетот, колковите и карлицата.

Штом овие мускули попуштат, ослабат и станат некоординирани како последица на слабите навики за вежбање или некоја повреда, целото тело станува неурамнотежено и склоно на болки во грбот.

Без силно и координирано јадро остатокот од телото трпи голем стрес и напор при секое движење, а тоа само ја зголемува болката во грбот и го зголемува ризикот од трајно искривување.

За да превенирате и да не дозволите болката во грбот да стане хронична, неопходно е да ги зајакнете мускулите на јадрото. Но, се чини дека уште поважно е да водите сметка тие да се активираат или контрахираат во вистинско време.

Да научите како да ги активирате мускулите на рбетот и јадрото во вистинско време е вештината што ви е потребна за да спречите болката во грбот да стане хронична.

Лошо држење на телото

Постојаното неправилно држење на телото значително придонесува за развој на болката во грбот. Начинот на кој го поставуваме нашето тело додека извршуваме различни задачи, на работа или дома, одредува која точка на грбот ќе стане најчувствителна.

На пример, кога работиме на биро, може да седиме спуштени на столот, свиткани нанапред, свиткани настрана… сите погрешни позиции подразбираат товар за меките ткива, лигаментите и мускулите на грбот.

Со текот на времето може да дојде до воспаление и хронична болка каде било на грбот.

Со правилно поставување на телото и негување на грбот преку масажи за релаксација и спортување се намалуваат штетите предизвикани од непотребното оптоварување.

Честопати луѓето кои страдаат од болки во грбот користат стратегии за справување кои само ги влошуваат нивните симптоми, како што се растегнување на мускулите или неправилно задржување на здивот.

Невропластичност

Најчеста причина поради која болките во грбот стануваат хронични, но истовремено и најчесто занемарена причина што го предизвикува проблемот.

Невропластичноста е способност на мозокот да се реорганизира преку формирање нови нервни врски во текот на животот.

Преку овој природен процес мозокот се приспособува на новите ситуации и учи нови вештини. Сепак, ваквиот мозочен капацитет може да предизвика хронична болка.

Кога нервниот систем ќе се соочи со повреда или некој друг вид оштетување, мозокот може да компензира со формирање нови врски.

Овие нови врски може да бидат абнормални, па мозокот да почне да испраќа сигнали за болка дури и кога изворот на болка повеќе не е присутен.