Потребни состојки:
- 90 г мелени лешници (70 г за во смесата, 20 гр за валкање)
- 15 урми без семка
- 1 кафена лажица тахини (таан)
- 2 кафени лажици чисто какао
Подготовка:
Покиснете ги урмите во жешка вода најмалку 10 минути за да омекнат. Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте за да добиете хомогена смеса. Од смесата формирајте бомбици и истите извалкајте ги во мелените лешници. Можете да користите непечени лешници или истите да ги испечете на тефлонска тава на средна температура. Печете ги сѐ додека лушпите не почнат да пукаат. Потоа исчистете ги од лушпите и измелете ги.