Боранија

Боранија

Најстарата мешунка има неверојатен состав, а многу малку калории. Содржи фосфор, магнезиум, калиум, калциум, железо и витамин Б9, А, К и Ц. Една порција боранја содржи околу 4 грама растителни влакна, и тоа во најголем дел растворливи, кои се клучни за намалување на холестеролот. Растителните влакна се одличен сојузник во борбата со вишокот килограми бидејќи го продолжуваат чувството на ситост.

Но, задолжени се и за одржување на цревната микрофлора и решавање на најчестите дигестивни проблеми како констипацијата. Бидјеќи е моќна да го намали високиот крвен притисок, боранијата е неприкосновен чувар на срцето. Одлична е и за одржување на цврстината и густината на коските со оглед на тоа што само една порција боранија обезбедува над 20% од дневните потреби за витаминот К и околу 5% од потребите за калциум.

Боранијата особено им се препорачува на анемичните луѓе и трудниците, бидејќи тие имаат нагласена потреба за железо и витамин Б9. Уште една предност на боранијата е витаминот Ц, кој обезбедува целосна апсорпција на железото во дигестијата.