Ботаничка салата

Ботаничка салата

Потребни состојки:

  • 1/2 тиква
  • 150 г грашок
  • 1/4 карфиол
  • 1 тиквица сечкана на кругови
  • 1/2 црвен кромид
  • 8 шери домати
  • 5 ротквици
  • 1/2 кафена лажица интегрален сусам
  • 1/2 кафена лажица бел сусам
  • 4 ливчиња нане, ситно исечкани
  • 2 кафени лажици гоџи бобинки
  • 300 г индиски ореви

Состојки за дресинг:

  • 150 мл ладно цедено маслиново масло
  • 1/2 цедено цвекло
  • цеден сок од 1/2 лимон
  • 1 тркалце ѓумбир
  • 1/2 чешне лук
  • 2 лажички путер од бадеми
  • малку млада вода
  • прстофат сол

Подготовка:

Тиквата и останатиот зеленчук можете да ги печете во рерна, да ги сварите или да ги подготвите на сакара. Гоџи бобинките малку сварете ги да омекнат заедно со нането. Двата типа сусам и индиските ореви тостирајте ги на тефлонска тава. Измешајте ги состојките за дресинг, освен цвеклото и маслото, нив додајте ги на крај и убаво мешајте додека добиете фина смеса. Ставете го зеленчукот во чинија и прелијте ја салатата.