Бургери од леќа

Бургери од леќа

Потребни состојки:

  • 100 г леќа
  • 1 јајце
  • 1 помал кромид
  • 1 морков
  • 1 чешне лук
  • 1 рака ситно сечкан магдонос
  • сол и зачини по желба
  • 1 марула
  • 1 кафена лажица маслиново масло

Подготовка:

Леќата сварете ја или одвечер ставете ја да кисне во вода. Ситно исечкајте ги морковот, кромидот и лукот и пропржете ги. Потоа, ставете ги во длабок сад, сипете ја леќата откако убаво ќе ја исцедите од вода, додајте ги јајцето, магдоносот и зачинете. Убаво соединете ја смесата со лажица. Од смесата формирајте бургерчиња, ако има потреба извалкајте ги во интегрално брашно и пржете ги на загреана тава со малку масло. Послужете ги со марула салата.