Потребни состојки:
- 1 лажица маслиново масло
- 1 кромид, покрупно сечкан
- 2 големи моркови, излупени и покрупно сечкани
- 4 см свеж корен од ѓумбир, ситно сечкан
- 1 чешне лук, згмечено
- ½ лажичка лут црвен пипер (крупно мелен) или сечкано чили пиперче
- 700 г сладок компир, излупен, сечкан на коцки
- 1,2 литри зеленчукова супа (бујон)
- сол и свежо мелен црн пипер
Подготовка:
Загрејте го маслиновото масло во големо тенџере со капак на средна температура. Додајте ги кромидот и морковите и гответе додека омекнат. Потоа, додајте ги ѓумбирот, лукот, лутиот пипер и пржете 2-3 минути за да пуштат мирис. На крај, додајте ги слаткиот компир и зеленчуковиот бујон. Зголемете ја температурата и оставете ја чорбата да зоврие. Намалете на тивок оган, ставете капак и варете 15 минути или додека се свари слаткиот компир. Тргнете го тенџерето од оган и изблендирајте ја чорбата со рачен блендер за да добиете кремаста текстура. Зачинете по вкус, а за декорација прелијте малку кокосово млеко или павлака во секоја порција. Дополнително, озгора наросете свежо сечкан коријандер, неколку зрна ким и чили снегулки – претходно пропржени во неколку капки масло.
