Цреши

Цреши

Богат извор на растителни влакна, а многу малку калории. Содржат солидна количина витамин Ц, калиум, бакар и манган. Импресивен е нивниот антиоксидантски состав со чија помош делуваат превентивно од низа потенцијални воспаленија во организмот. Ја подобруваат меморијата, го штитат срцето, го зајакнуваат имунитетот. Научните истражувања покажуваат дека црешите ги намалуваат симптомите на артритис, најмногу на гихт.