Дали навистина мудроста доаѓа со стареењето?

Дали навистина мудроста доаѓа со стареењето?

Некои работи едноставно стануваат многу подобри како старееме. Стареењето го бие лош глас, но болестите, недостигот на енергија и осаменост се далеку од целата приказна. На пример, со текот на годините човекот полесно носи одлуки, полесно ги контролира своите емоции и покажува многу повеќе емпатија за другите. Само преку квалитетно стареење, ваквите придобивки од возраста ќе дојдат до израз. А квалитетното стареење подразбира позитивен став, издржливост и проактивност. Следствено на ова, предизвик за лекарите не би требало да биде само продолжувањето на животниот век, туку и поткревање на квалитетот на животот.

Што е успешно стареење?

Постојат три аспекти на стареење: физичко, когнитивно и психосоцијално. Повеќето луѓе гледаат на стареењето само од физички аспект и затоа постои негативна перцепција за стареењето и страв од стареење.

Но, годините не го доведуваат во прашање само изгледот, околу 60-тата година почнуваат да опаѓаат когнитивните способности како фокус и меморија – уште една промена поради која луѓето развиваат аверзија спрема овој неизбежен природен процес. Она на кое најмалку се обрнува внимание, а е навистина важно, е психосоцијалното стареење. Но, што всушност подразбира концептот на психосоцијално стареење? Тоа вклучува нешта како благосостојба, среќа, квалитет на животот, контрола на емоциите, социјализација. Овие работи се многу важни за секој поединец и затоа мора да бидат вклучени во целиот концепт на стареење. Успешното стареење не подразбира само да се стаса до староста и да се дувнат што повеќе свеќички на тортата, туку подразбира подобра благосостојба, поголема среќа, просперитет, па дури и процут.

Дали стареењето мроа да биде стресно?

Годините несомнено носат поголем стрес во некои области. Болести, онвалидитет, смрт на блиски, финансиски проблеми, пензионирање и губење на чувството за цел, недостиг на чувство на припадност – сите овие се легитимни фактори на стрес во зрелото доба од животот.

Но, она што е поважно е како реагирате на стресот. Во едно истражување биле вклучени околу 2000 луѓе на возраст од 21 до 100 и нагоре. Во студијата биле следени физичкото здравје, когнитивната функција и психосоцијалното функционирање. Студијата покажала дека физичкото здравје опаѓа после средните години, што не е изненадување. Когнитивната функција почнува да опаѓа на постари години, што не е изненадување.

Но, психосоцијалното функционирање, вклучувајќи ги благосостојбата, квалитетот на животот и среќата, постепено се подобруваат со возраста. Постарите луѓе подобро се справуваат со стресот отколку некој во 20-тите и 30-тите години. Кога сте млади и ншето тргне наопаку, може да бидете скршени. Кога сте стари и нешто тргне наопаку, велите: „Во ред е. Има и други работи што ќе одат како што треба.“

Дали стануваме помудри како што старееме?

Емпириските студии покажаа дека постарите луѓе за разлика од младите, се подобри во однос на контролата над емоциите, подобро се познаваат себеси, донесуваат подобри одлуки за кои е потребно искуство и имаат повеќе сочувство и емпатија кон другите. Токму овие способности ја чинат мудроста и најдобро од се е тоа што може да се зголемат со текот на годините.

Каде е лоцирана мудроста?

Мудроста, во поширока смисла, вклучува две мозочни регии. Еден од нив е префорталниот кортекс, кој е најновиот дел од еволуцијата на мозокот. Тоа е дел од мозокот што всушност не прави луѓе. Другиот е амигдалата или најстариот дел од еволуцијата на мозокот во која се складираат емоциите. Мудроста во суштина е баланс помеѓу когницијата и емоцијата, или баланс помеѓу себичноста и социјалното однесување. И на крај, баланс помеѓу работите што ви се корисни и нештата што треба да ги направите, бидејќи тие се добри за општествениот опстанок.

Дали постојат стратегии за успешно стареење?

Постојат неколку клучни стратегии кои подразбираат квалитетно физичко стареење, когнитивно стареење и психосоцијално стареење. Квалитетното физичко стареењ најмногу зависи од здравата исхрана и ограничувањето на калориите и зголемување на физичките активности. Дури и луѓето во инвалидски колички може и треба да бидат физички активни.

Втора најважна стратегија е да се одржи мозокот активен.

Направете нешто што донекаде е предизвикувачки за вас, но не премнгоу стресно. Не заборавајте на социјализацијата, соодветен степен на дружење што нема да ве премори. Потоа следува позитвиниот став и однесување, издржливост, оптимизам, сочувство, правење работи за другите, волонтерски активности. Сите овие стратегии му даваат цел на животот, а тоа ќе ве напраи посреќни. но, ако стресот во вашиот живот премногу доминира, тогаш преземете конкретна активност за да го намалите – јога или медитација е секогаш добра идеја.