Изобилува со белковини, минерали, растителни влакна, Б витамини, фолна киселина. Не содржи глутен, а истовремено им се препорачува и на луѓето со висок холестерол или оние што се на диета, поради ниската калориска вредност и малиот процент маснотии.
Половина шолја див ориз содржи 95 мг фолна киселина или 53 % од вашите дневни потреби.
Во истата количина има и 1.1 мг цинк, а содржи и магнезиум, калциум и железо.