Барбери, Келвин Клајн, Армани, се само дел од светските модни брендови на чии модни писти чекорела Елена, нашиот најуспешен топ-модел со интернационална кариера. Денес во Париз, утре во Милано, а веќе наредниот ден во Скопје – нејзиниот роден град во кој ужива да се враќа. И покрај допирот со гламур, висока мода, безброј патувања, оваа девојка живее запазувајќи ги морланите вредности што ги стекнала во својот дом, уште кога била дете. Ни потврди дека ужива во еднноставноста на секојдневието, во своите пријатели, во спортувањето, во летото, и со тоа оваа млада успешна дама стана уште поубава во нашите очи. Со задоволство би се пофалиле дека е наша, дека е Македонка, нели?
ВА: Првпат се запознавме на сликање моден едиторијал во една симпатична слаткарница во ГТЦ, тогаш беше младо, тивко и скромно девојче. Денес си успешна жена која соработувала со најголемите имиња од светската модна сцена, но се уште си скромна и приземна. Сите наши успешни луѓе коишто се пробиле надвор, ја имаат таа одлика, дали таа се должи на домашно воспитување или целиот тој гламур е само силен потсетник за вистинските вредности кои некако се подоминантни на Балканот?
ЕР: Благодарам на прекрасните зборови, можам да кажам дека тој едиторијал ми е еден од подрагите почетнички проекти од македонија. Што се однесува на приземноста, тоа е дефинитвно домашно воспитување и карактерот на самиот човек, среќна сум што слушам дека успешните луѓе од кај нас ја имаат истата одлика.
ВА: Како го помина карантинскиот период, дали целата оваа пандемија те промени или можеби те научи на нешто?
ЕР: Карантинот, на почетокот, беше интересна промена за мене, доста среќна бев првите неколку месеци, бидејќи добив време да уживам со најблиските. Подоцна, кога сфативме дека ќе потрае малку подолго, потешко се носев со сето тоа, но некако се снајдов. Тешко беше да го променам својот начин на живот, којшто е динамичен, во едно поспокојно опкружување, без обврски, работа и на едно место. Научив премногу работи за самата себе, пред се, која Елена кога не е модел, како сака елена да живее без честите патувања и слично. Дефинитивно сум и благодарна на пандемијата, бидејќи имав време да се истражам себеси.
„Благодарна сум и на пандемијата, бидејќи имав време да се истражам себеси.“
ВА: Колку пандемијата ја чинеше модната индустрија, што се промени во меѓувреме и дали нештата се враќаат на старо? Кои се твоите последни ангажмани?
ЕР: Пандемијата премногу ја промени модната индустрија, на почетокот немаше модни сликања и случувања, а подоцна сите брендови соработуваа со домашни модели бидејќи немаше опција да се ангажира девојка од странство. Не забави сите, особено моделите од Балканот, ние не можевме да патуваме низ европа бидејќи нашите држави се сметаат за високоризични. Полека, со вакцините нештата се менуваат и почнуваме да се враќаме на старо, многу бавно, но се надевам дека сигурно. Последниот ангажман ми беше за Моник Лулие (Monique Lhuillier) сликан во Комо, Италија, пред некоја недела.
ВА: Оние што дишат за мода, сигурно ти завидуваат на можноста одблиску да го посведочиш целиот процес на создавање трендови. Други, пак, копнеат да се на твое место поради многуте патувања што ги подразбира твојата работа. По толку долга и успешна кариера, дали се уште уживаш во својата работа, дали стигнуваш да ги посетиш местата на коишто одиш, дали имаш омилен дел од професијата поради која не би ја менувала за ништо?
ЕР: Благодарение на пандемијата, она што го научив е дека премногу ја сакам оваа работа и со нетпрение чекам да се вратиме во целосна форма и слобода за патувања насекаде во светот. Не секогаш имаме време да ги посетиме градовите каде што сликаме, тоа е тажниот дел од професијата, но и не е толку страшно. Адреналинот што го нуди оваа професија е дефинитвно мојот омилен дел. Никогаш не знаеш што те чека утре, се се менува во рок од неколку часа и во два дена може да се најдеш на различни континенти. Сето ова е возбудливо и динамично, секако и напорно, но искрено, по се, не би можела да се замислам да работам во канцеларија.
„Би работела до последниот момент од мојот живот во модната индустрија.“
ВА: Велат моделите имаат ограничена кариера, но сведоци сме на сите оние жени коишто стареат како вино и кошто се уште заработуваат со својот беспрекорен изглед. Како ја замислуваш твојата кариера во динина, дали размислуваш за споредна професија или ќе се држиш до модниот свет?
ЕР: Се надевам дека ќе бидам способна да работам уште долго, под способна мислам физички и психички добро одржана. Би работела до последниот момент од мојот живот. Споредна професија секако дека ќе имам, но понатаму, кога нема да имам толку чести патувања и кога годините нема да го дозволуваат тоа. Но, засекогаш ќе останам активен член во светот на модата.
ВА: Со појавата на социјалните медиуми и на сите оние блогерки и инфлуенсерки, доста се промени модниот свет, одеднаш обичните жени стаа помоќни од низа модни институции и гиганти. Дали ова, на некокаков начин, се одразува на ангажманите и заротувачката на моделите?
ЕР: Дефинитивно се е променето, но зависно од брендот и сезоната, сите брендови соработуваат со инфлуенсери, но користат и модели, некои повеќе, некои помалку – зависно од потребите.
ВА: Се помесија и доста критериуми во однос на изгледот на манекенките, денес на модните писти парадираат и „плус-сајз“ модели, а Кендал Џенер, на пример, никогаш не може да се вклопи во мојот Кејт Мос или Линда Евангелиста – поим за модел со несекојдневна, безвременска убавина во којашто те сместувам и тебе. Како ти, лично, ги доживуваш овие промени и дали побарувачката на девјоките со „girl next door“ – изглед е само моментален тренд?
ЕР: Плус-сајз модели сметам дек треба да има, сите форми на телот треба да добијат еднаков третман. Тоа што се разликува е дека високата мода секогаш постои и ќе постои така што другите би ги сметстила во комерцијала која навистина не ја засега дотоклу високат мода. Откако постојат инфлуенсерите, дојде трендот на „girls next door“ – изглед, што искрено верувам дека ќе постои засекогаш и работата ќе се дели на модели од висока мода и други инфлуенсери.
ВА: Кога би можела да издвоиш, кој проект што си го сработила ти е најдраг и зошто токму тој?
ЕР: Навистина не можам да се сетам на најдраг проект, но ќе го издвојам последниот како премногу драг. По година ипол прв, феноменален проект, сниман во Комо, со тим со којшто веќе имам соработувано. Драгите пријатели, пред се, магијата на Комо и самото мое враќање по пандемијата, последниот проект ми го прават посебно драг.
ВА: Си дозволуваш ли да се почестиш со некое парче облека од дизајнерите коишто ги носиш и кој ти е омилен меѓу нив?
ЕР: Си дозволувам да се почестам со се што ми се допаѓа и што ме усреќува, на крајот на денот, работиме за да си дозволиме се што не исполнува, нормално, доколку средствата го дозволуваат тоа.
„Летото ми е омилено годишно време и сите што ме познаваат знаат дека душата би ја дала да сум на плажа преку цела година.“
ВА: Како го поминуваш своето слободно време, кои се баналностите што ти ја полнат душата?
ЕР: Вежбање со мојата најсакана Јасна Пилатес е првото нешто на списокот, учам дигитален маркетинг во „Семос“ Академија, па имам обврски со тоа, дружба со најблиските пријатели, по некое патување и летово сум препуштена на плажа. Летото ми е омилено годишно време и сите што ме познаваат, знаат дека душата би ја дала да сум на плажа преку цела година.