Храна на сесзоната

Храна на сесзоната

Дочекајте ги есенските настинки подготвени

Колку и да се храните здраво и да пиете суплементи, постои можност да настинете и тоа не треба да ве разочарува или да ве одвлече од мисијата да го подобрите имунитетот. Ако вирусите ги дочекувате на нога и без антибиотици, тогаш сте на добар пат. Имајте на ум дека стабилното здравје се крие помеѓу овој паметен избор на плодови од природата.

Лук

За почеток добро е да знаете дека телото ќе има инстантни придобивки доколку лукот не е термички обработен. Освен што содржи антибактерски агенси, лукот го одржува нивото на антиоксиданти кои се борат со слободните радикали во организмот и на тој принцип спречуваат појава на низа заболувања. Кога сте болни пожелно е да јадете 2-3 чешниња во денот.

Печурки

Научниците потврдија дека печурките ја активираат функцијата на белите крвни зрнца кои ќе ви помогнат да се изборите со инфекцијата. Најголема поддршка на имунитетот му даваат печурките од видот шитаке.

Лимон

Цитрусните плодови изобилуваат со големи дози на витамин Ц, а ниту една настинка, грип или инфекција не може да биде совладана без него, благодарение на неговите антиоскидативни својства. Освен што го засилува одбранбениот систем, делува како природен антихистамин и го подобрува функционирањето на крвотокот.

Чили пиперки

Капсаицинот е активната состојка во лутите чили пиперчиња што делува како аналгетик. Тие прават да се зацрвените, да шмркате и да се препотите, токму она што ви треба кога се борите со грип или настинка. Покрај тоа, тие се одличен извор на витамин Ц што не смеете да го прескокнете во случај да дојдете до антибиотик.

Моркови

Заедно со слатките компири тие се едни од најдобрите извори на бета каротен (форма на витаминот А) и на вашето тело му се потребни за да ги размножат белите крвни зрнца, а со тоа да се поттикне одбраната.

Бозел

Плодовите на бозелот се полни со витамин Ц, флавоноиди и растителни белковини, кои се борат против вирусите. Клиничките истражувања во Израел покажале дека бозелот не само што го намалува ризикот од настинка и грип, туку го скратува времетраењето на настинката и грипот за три пати. Само што ќе се појават симптомите, почнете да пиете чај од бозел.