Едноставно некои работи подобро функционираат како пар, па и кога се работи за здравјето.
Комбинирањето на одредени намирници подразбира далеку поголеми нутритивни вредности за организмот, отколку кога би ги консумирале одделно.
Спанаќ + пиперки
Пиперките содржат витамин Ц кој е неопходен за да се апсорбира железото од спанаќот. Комбинацијата на овој витамин и минтерал забрзано делува на анемијата. Спанаќот е познат и по високиот процент на лутеин и витамин А во составот, кои се клучни заштитници на видот.
Овесни снегулки + бадеми
Овесните снегулки го намалуваат холестеролот во крвта. Протеините во бадемите го намалуваат ослободувањето на јаглехидратите од овесот, со што во крвта стасува далеку помал процент на холестерол.
Домати + маслиново масло
Доматите содржат моќен антиоксидант наречен ликопен. Ликопенот има својство да ги врзува мастите, па затоа дозволете му да врзе здрави масти како оние присутни во маслиновото масло. Ваквата комбинација се покажала како успешна при забавување на стареењето и сончевото оштетување на кожата.
Зелен чај + лимонов сок
Со додавање лимонов сок во зелениот чај, спречувате 80 % од антиоксидантите да се скршат при варењето. Што значи, чајот ги задржува главните активни состојки со кои им се спротивставува на слободните радикали чија цел е да поттикнат некакво воспаление.
Црвено месо + рузмарин
Научно е докажано дека рузмаринот го редуцира создавањето на штетните канцерогени материи кои настануваат при готвењето на месото за неверојатни 92 %.
Броколи + јајца
Жените кои секој месец страдаат од менструални непријатности, треба редовно да внесуваат витамин Д и калциум. Ваквите нутритиенти ги намалуваат ПМС симптомите од 30 до 40 %. Од друга страна, со помош на броколите, организмот полесно го апсорбира калциумот присутен во храната. Додека пак јајцата се најдобриот природен извор на витамин Д.
Пилешко + компири
Речиси и да не постои зеленчук што содржи толку висок процент на витамин А од компирот. Но, внесувањето на витамин А без цинк (го има во пилешкото месо, говедското и свинското) е исто како да се обидувате да запалите оган без кибрит. Цинкот е неопходен за да го врзе и да го носи витаминот А во крвта.
Тестенини + оцет балсамико
Дали после јадење тестенини, за помалку од еден час, повторно сте гладни? Ако сте, обидете се да ги јадете со малку оцет. Оцетот содржи киселина која ги забавува варењето и апсорпцијата на глукозата присутна во пастата. На тој начин ќе го контролирате гладот и нема да се прејадувате. Плус, со додавање две супени лажици оцет во тестените ќе го намалите шеќерот во крвта за 20 %.
Јогурт + ленено семе
Јогуртот е дом на повеќе од 400 бактерии, некои добри, некои лоши за организмот. Кога бројката на лошите ќе ја надмине бројката на добрите бактерии, најчесто се јавува проблем со варењето на храната. За да ги поттикнете пробиотските компоненти на јогуртот, неопходно е да внесувате растителни влакна, како оние во лененото семе, за да постигнете баланс во стомакот.
Не толку добри двојки!
Овошје + што било
Нутриционистите препорачуваат свежото овошје да се јаде на празен стомак и со ништо да не се комбинира, бидејќи така побрзо се вари и се апсорбираат витамините.
Кафе + јајца
Полифенолите присутни во кафето му пречат на организмот да го апсорбира железото од јајцата.
Млеко + што било
Со текот на годините, на организмот му станува сѐ потешко да го свари млекото, а кога истото е комбинирано со други намирници како житарки или леб, дигестијата дополнително се отежнува.