Еве како ќе го победите циклусот несоници преку викенд…
Измешани чувства на страв, трема и стрес од престојните обврски го крадат сонот, но само ако вие создадете услови за тоа. Речиси една четвртина од вработените луѓе доцнат на работа во понеделник, бидејќи успеале да поспијат само неколку часа пред да заѕвони алармот.
Будни во недела навечер?
Не сте единствените! Истражувањата покажуваат дека 60% од вработените имаат проблем да заспијат на крајот од викендот.
Ресетирајте го природниот часовник
Ако си легнувате доцна во петок и сабота, автоматски влијаете на природниот часовник на кој е навикнат организмот. Спиењето до доцна во сабота наутро и попладневните дремки се сосема доволни за организмот да го надомести недостатокот од сон. На крајот излегува дека вие сте спремни да појдете на работа уште во недела навечер. Телото е склоно на рутина, затоа обидете се и во сабота да станете малку порано.
Јадете навреме
Доцната вечера е најголемиот непријател на сонот. Гледајте да ручате подоцна за да не ви се пријаде навечер. Од последниот оброк до моментот кога планирате да си легнете, треба да поминат минимум четири часа. Ако не му оставите на желудникот доволно време да го свари калоричниот оброк, автоматски го отежнувате процесот на заспивање. Телото е загреано, органите се уште се во функција, а вие сте крајно напнати. Пред легнување дозволено е само топло млеко, а за повозрасните се препорачува чај и мед како најдобар природен лек против несоница.
Избегнувајте алкохол
Најголем мит е дека од алкохол ни се приспива. Можеби ќе почнете да се проѕевате по чаша вино, но таквата сензација трае релативно кратко, бидејќи алкохолот дејствува како анестетик. По неколку часа, откако алкохолот ќе помине низ метаболистичкиот процес, неговото дејство ќе помине и вие ќе се разбудите. Доколку консумирате алкохол во петок и во сабота, веќе во недела телото ќе биде вознемирено, работата на срцето забрзана, адреналинот покачен, а тоа се доволно фактори за несоница.
вежбајте
Никој не сака да биде уморен, но уморот ветува добар сон. Ако сте се преспале во текот на викендот, потребна е акција за да се вратите на старата патека. Наместо да вегетирате пред телевизор, напревете неколку лесни вежби или возете велосипед за да ги исфрлите токсините што ги акумулиравте.
изведете детоксикација на умот
Морате да престанете да се грижите, во спротивно ќе ја поминете цела вечер барајќи решенија за проблемите. Без оглед на тоа колкава е листата на обврски што ве чека веќе наредниот ден, зпаомнете дека ниту една нема да биде завршена ако дејствувате во погрешно време. Ниту телевизорот не е решение, подобра опција е да читате книга.
Масирајте се
Лаванда и цвет од зелен лимон се само две од многуте тревки што го опуштаат телото. Можете да ги консумирате како чај или како есенцијални масла што ќе дојдат до организмот по пат на масажа. Ако нема кој да ја изведе масажата за вас, тогаш подговтвете си топла бања и капнете неколку капки од маслото.
Медитирајте
Обидете се со една кратка медитација пред да појдете во кревет. Правилно изведената медитација ги намалува анксиозноста, депресијата, нерсаположението и иритацијата. Удобно седнете, затворете ги очите и ослободете ги мускулите. Вдишете длабоко преку нос и издишете преку уста.