Како да ја смирите сувата кашлица?

Како да ја смирите сувата кашлица?

Постојат и намирници што треба да се избегнуваат додека трае борбата со сувата кашлица, бидејќи може да поттикнат создавање секрет и да ја влошат состојбата.

Тие се: шеќер, млечни производи, чоколада, слатки, ладна/замрзната храна, фабрички произведени и газирани сокови. Избегнувајте да пушите или да вдишувате чад од цигари и загаден воздух, бидејќи тоа ја иритира и онака оштетената мукозна мембрана.

Сувата кашлица најчесто се смирува со лекови од природата. Природни лекови против кашлица се: бел слез, исландски лишај, оман, анасон, ким (особено неговото етерично масло), мед (особено од багрем, липа или планински од боровашума), јаглика, сладок корен, мајчина душичка, ајдучка трева, жалфија, лук, анасон, ѓумбир и други. Предноста на природните лекови е тоа што немаат адитиви и шеќер, што е особено корисно за луѓето со дијабетес. Корисните ефекти на некои од гореспоменатите растенија се:

Бел слуз

Ги обложува мукозните мембрани на респираторните органи, со што се спречува понатамошна иритација. Веројатно најпознатиот природен лек против сува кашлица.

Исландски лишај

има слично дејство како белиот слез, содржи голема количина слузи кои ги прекриваат, заштитуваат и навлажнуваат надразнетата и сува слузница на устата и грлото, и на тој начин ја смируваат сувата кашлица.

Оман – одамна е познат како природен лек против кашлица, астма, бронхитис и пневмонија

Коморач – познати се неговите корисни ефекти врз горните дишни органи.

Етерично масло од ким – природен лек за бронхитис и кашлица

Бршлен

Пред неколку векови се покажа како одличен сојузник за смирување на упорната кашлица, а делува и антиспазмодично (ги проширува борнхиите и ги опушта).

Јаглика

Ги ублажува тегобите од кашлањето и има муколитички ефект (го разградува секретот).