Како да најдете време за себеси?

Како да најдете време за себеси?

Со добра организација се постигнува сѐ!“ – сигурно и вие го велите истото иако во пракса едвај стасувате да дојдете до кревет и да погледнете некој добар филм. Според психолозите, не е до организацијата колку што е до погрешните шаблони по кои живеат луѓето.

Луѓето мора да дојдат до своите минути за безделничење за да останат физички и психички здрави. Во едно истражување се вели дека на човекот му се потребни 6 часа и 59 минути да се излежува во денот. Сигурно мислите дека тоа е премногу време со кое не располагате дури и кога сте на одмор. Само да ве потсетиме, минимум 4 часа во денот трошите за да „висите“ на Фејсбук и Инстаграм.

За да ги вратите изгубените минути, часови, денови и да живеете исполнет живот без густ распоред од кој се стресувате само што ќе помислите на него, прво нешто што треба да научите е како да работите помалку, а да постигнете повеќе? Еве како…

Не заглавувајте на работа

Дополнителните работни часови не ве прават посветен и ефикасен вработен. „Во денешно време, претпоставените го гледаат резултатот без оглед колку време ви требало за да го постигнете. Прекувремените работни часови можат да бидат лош знак, оставате впечаток деја сте слаби кога станува збор за временска организација“, вели Карен Мегер, психотерапевт и автор на Real Leaders For The Real World.

Не работете до доцна

Работењето во доцните вечерни часови и за викенд го зголемува ризикот од стомачни болки, главоболки, проблеми со мускулите и кардиоваскуларни болести, се вели во германската студија во која биле вклучени 57.000 вработени низ цела Европа (студијата објавена во Chronobiology International). На телото му е неопходен период за релаксација, за да закрепне од работата и стресот. Доколку тој период не го обезбедите, се изложувате на ризик од коронарни срцеви заболувања и мозочен удар.

Не ги прескокнувајте паузите

Најголемата инспирација доаѓа најнеочекувано“, вели Марк Кроплеј, професор по психологија и автор на „The Off Switch. „Невозможно е да ја форсирате креативноста, напротив, паузата од работата може само да ја поттикне. Неопходно е да се повлечете за мислата да протече“.

Работете без престан најмногу 50 минути

Дали работењето помалку навистина ќе ве направи подобри на работа? Да, вели професорот Кроплеј. „Ако сработите повеќе од 50 часови неделно, ќе станете помалку продуктивни на долг рок“. Концентрацијата е како мускул на кој му е неопходен одмор за соодветно да функционира и затоа не смеете да го прегреете. Истражувањата покажуваат дека најпродуктивните луѓе работат по 52 минути, а потоа паузираат 17 минути.

Главна придобивка: ЌЕ БИДЕТЕ ПОСРЕЌНИ

Помалку време врзани за бирото, значи повеќе време за дружење со партнерот, спортот или било која активност што милувате да ја правите. Токму така изгледа патот до среќата. Нема човек што се жали дека има премногу слободно време и дека премногу ужива во животот, напротив, пренатрупаноста со работа и одговорности е проблемот со кој се соочува нацијата.

Како изгледа еден СОВРШЕН ДЕН кога би живееле по свои правила?

Во рамките на студијата на Journal Of Economic Psychology, испитаниците биле прашани колку време, на дневна база, би резервирале за овие различни активности – еве ги бројките кои, за жал, се далеку од реалноста

106 минути СЕКСУАЛНИ АКТИВНОСТИ

98 минути ПРЕД КОМПЈУТЕР

82 минути СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА

73 минути МЕДИТИРАЊЕ

75 минути ЈАДЕЊЕ

68 минути СПОРТУВАЊЕ

56 минути ШОПИНГ

35 минути РАБОТЕЊЕ

Како да плус минути за себе?
  1. Секогаш кога звукот на Вибер и останатите звучни нотификации ќе ве прекинат во работата, имајте на ум дека ќе ви требаат од 10 до 20 минути за да го вратите фокусот. Па, ако потрошите 30 секунди за набрзина да прочитате нов мејл, ќе ви требаат најмалку 5 минути за да се вратите на претходната задача. Исклучете ги и работата ќе ја завршите на време.

  2. Бригид Шулте, автор на Overwhelmed, предупредува на тиранијата што ја наметнува листата со дневни обврски. „Се уверуваме себеси дека сме должни да завршиме сѐ на листата пред да паузираме. Но, листата обично нема крај“. Обидете се со две листи: едната со обврски што треба да ги завршите дента и една со обврски што ќе ги завршите АКО можете.

  3. Излежувањето во кревет си има свои предности, но потрудете корисно да го потрошите слободното време. „Кога правиме нешто со цел, нешто што нѐ исполнува, се потсетуваме што е важно и што е она што ни дава причина да не трошиме време само за работа,“ вели психологот Тони Краб.

  4. Дали го проверувате поштенското сандаче пред утринското кафе или пред да појдете во кревет? И во двата случаи дијагнозата е иста: вашето слободно време е заразено со работата. Краб советува да поставите сериозни правила на работа во однос на вашата достапност. „Ако на луѓето им се познати вашите правила, полесно ќе се адаптираат“.