Карфиолот можеби не е првиот избор за многумина кога станува збор за вкус, но има една голема предност: совршено го впива вкусот на другите намирници со кои се подготвува. Токму затоа одлично сe вклопува во секојдневната кујна – од супи и салати до печени јадења и пире.
Изобилува со витамин C, витамин K, фолна киселина и влакна, а содржи и антиоксиданти кои го поддржуваат имунитетот и здравјето на клетките. Со само околу 25 калории во 100 грама, карфиолот е идеален избор за оние што сакаат лесни и здрави оброци. Дополнително, соединенијата глукозинолати ја поттикнуваат природната детоксикација и придонесуваат за подобра дигестија.
