Каша со банана и јатки

Каша со банана и јатки

Потребни состојки:

  • 1 позрела поголема банана
  • 30гр бадеми (или лешници)
  • 20гр ленено семе
  • 10гр ореви
  • 1 јајце
  • 1 белка
  • 50мл млеко
  • цимет по вкус

Подготовка:

Испасирајте ја бананата со виљушка или во блендер. Сомелете ги бадемите и лененото семе, а оревите исечкајте ги, бидејќи покрупни се повкусни. Во огноотпорен сад сипете го млекото и штом малку се стопли додајте ги бананите, оревите и мелените јатки, и оставете ги да зовријат на тивок оган. Штом смесата почне да врие, додајте ги јајцата и мешајте непрекинато. Варете ја кашата на средна температура од 5 до 10 минути. Зачинете со цимет по вкус.

За повеќе рецепти кликнете тука.