Кои работи ја загрозуваат безбедноста на децата на интернет?

Кои работи ја загрозуваат безбедноста на децата на интернет?
Крадење на идентитетот

Децата се почести жртви на украден идентитет онлајн! Во споредба со возрасните, децата на возраст под 18 години имаат 51 % шанси да останат без својот идентитет на интернет. Криминалците ги таргетираат децата затоа што тие имаат чисти кредитни досиеја, а од друга страна почесто објавуваат лични информации јавно. Криминалците се способни со години да го служат украдениот идентитет без никој да забележи.

Видеоигрите

Видеоигрите многу напреднаа последната деценија. Со многуте достапни опции за игри, треба да бидете свесни дека голем дел од нив подразбираат директен контакт со безброј играчи ширум светот. Оваа предност не е предност само за играчите, колку што е предност за сексуалните предатори. Навидум обичниот разговор во контекст на играта, лесно може да премине во обид за сексуален поттик. Затоа, искористете ги сите механизми за контрола што постојат. Безбедносните поставки овозможуваат ограничен пристап на опциите на играта, ограничена употреба на аудио разговор и стеснет избор на соиграчите.

Отворени профили

Една скорешна студија покажа дека 62 % од тинејџерите имаат приватен профил на социјалните мрежи. Информациите за 17 % од тинејџерите се јавно достапни за сите, а тука спаѓаат информации за тоа каде се, со кого се и како може да бидат контактирани.

Експлицитни фотографии

Истражувањата покажуваат дека 1 од 7 тинејџери се има сликано гол или полугол, а половина од тие фотографии биле споделени со друго лице на интернет. Многу е важно да му укажете на детето дека сите споделени зборови и фотографии на интернет засекогаш остануваат таму и тогаш кога не можеме да ги видиме. Истите тие информации ги гледаат многу очи во позадина, а не само оние две за кои била наменета конкретната содржина.