Кои се 5 придобивки од секојдневното пешачење?

Кои се 5 придобивки од секојдневното пешачење?

Чекорете за здравје

Оваа физичка активност е вистински благодет за целокупното здравје на човекот, доаѓа во пакет со мноштво придобивки, а не подразбира скоро никаков трошок. Вие и вашите две здрави нозе, удобни обувки, друштво (или музика кога сте сами) и целиот свет е ваш.

Ги намалува генетските предиспозиции за покачување на тежината

Пешачењето е една од ретките, ако не и единствена активност која може да им се спротивстави дури и на генетските предиспозиции за дебелеење. Истражувачите од Харвард разгледале 32 гени кои ја поттикнуваат дебелинат акај над 12 000 луѓе за да утврдат колку овие гени всушност придонесуваат за телесната тежина. Сосема неочекувано, тие откриле дека ефектите од тие гени се преполовени кај оние испитаници кои имале навика да пешачат со брзо темпо околу еден час дневно.

Ја намалува желбата за благо

Постојат низа студии кои ввелат дека 15-минутната прошетка може да ја намали желбата за чоколада, па дури и да ја намали количината на колоада што вообичаено ја јадете во стресни ситуации. Едно поново истражување потврдува дека пешачењето може да ја намали желбата, но и внесот на различни шеќерни закуски. Ако сте под стрес, веднаш излезете и прошетајте се. Ако внимавате на исхраната, а добиете силна желба за благо, сторете го истото.

Го намалува ризикот од рак на дојка

Студиите одамна покажаа дека која било физичка активност го намалува ризикот од рак на дојка. Но, една студија на „Американското здружение за рак“, се осврна токму на пешачењето и покажа дека жените кои пешачат седум или повеќе час неделно имаат 14% помал ризик од рак на дојка за разлика од оние кои пешачат три или помалку часа неделно. Позитивни ефекти од пешачењето биле забележани дури и кај жените со висок фактор на ризик за рак на дојка, кај жените со прекумерна телесна тежина и кај оние под хормонска терапија.

Ја намалува болката во зглобовите

Неколку студии покажаа дека одењето ја намалува болката поврзана со артритис и дека пешачењето по 8-9 километри неделно може да го спречи создавањето на артритисот. Пешачењето ги заштитува зглобовите, особено колената и колковите, кои се најсклони на остеоартритис. Пешачењето делува како подмачкување на зглобовите, а плус води до зајакнување на мускулите кои ги држат самите зглобови.

Го зајакнува имунитетот

Пешачењето може да ве заштити за време на сезоната на настинки и грип. Во пролет циркулираат многу вируси и настинки, но затоа кога времето е убаво, пешачете. Студијата во која биле вклучени над 1 000 мажи и жени, покажа дека оние кои пешачеле најмалку 20 минути дневно, најмалку 5 дена во неделата, биле помалку болни за 43%, за разлика од оние кои вежбале еднаш неделно или помалку. Во случај и да се разболете, тоа траело кратко, а симптомите биле поблаги.

Пешачењто важи за умерена активност, особено ако одите нормално и затоа претставува мал ризик за здравјето. Но, ако имате здравствена состојба, консултирајте се со вашиот лекар во однос на фреквенцијата и темпото на пешачење.

 

peshacenje

Пешачете 30 минути на ден

10.000 чекори дневно е препорачаниот број чекори за да се постигнат здравствените придобивки од пешачењето.

За да ги добиете здравствените придобивки што ги промовира пешачењето, обидете се да пешачите најмалку 30 минути, но со брзо темпо во повеќето денови од неделата. Или барем 15 минути одете брзо, па забавете.