Копанчиња со мед, портокал и рузмарин

Копанчиња со мед, портокал и рузмарин

Состојки:

  • 4 пилешки копани
  • 2 портокали (сок + рендана кора од еден портокал)
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3 гранчиња свеж рузмарин
  • 2 чешниња лук (ситно сечкани)
  • сол и црн пипер по вкус

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200°C. Во длабок сад измешајте сок од портокал, рендана кора, мед, маслиново масло и лук. Копаните зачинете ги со сол и црн пипер и премачкајте ги со маринадата. Додајте го рузмаринот и печете од 25 до 30 минути, додека не добијат златно карамелизирана кора. Наредете ги копаните во чинија за сервирање, а озгора прелијте ги со сосот од тавата. Сервирајте ги со компири, но уште повкусни се со печени моркови со путер и малку цимет за божиќен шмек.