Крем супа од тиква со јаболко и крцкави лешници

Крем супа од тиква со јаболко и крцкави лешници

Потребни состојки:

  • 500 г печена тиква
  • 1 големо кисело јаболко (Грени Смит)
  • 1 кромид
  • 1 чешне лук
  • 500 мл бујон од зеленчук
  • 50 мл грчки јогурт
  • 1 лажица путер
  • сол, црн пипер, мускатно оревче
  • една рака печени лешници

Подготовка:

Ситно исечкајте ги кромидот и лукот и пропржете ги на путер. Додајте ги печената ткива и излупеното, исечкано јаболко и нив кратко пропржете ги. Налејте го бујонoт и варете го зеленчукот дваесетина минути. Пасирајте го со виљушка или блендер за да постигнете кремаста текстура. Зачинете со сол, црн пипер и мускатно оревче по вкус. Сервирајте со топка грчки јогурт на средина и наросете со крцкави печени лешници.