Крлеж во кожата – ИТНО ВО АМБУЛАНТА

Крлеж во кожата – ИТНО ВО АМБУЛАНТА

Обична прошетка во природата или во парк може да доведе до непријатности, но и до сериозно заболување предизвикано од убодот на крлеж и пренос на опасни бактерии. Што треба да преземеме да се заштитиме од крлежи и што да направиме во случај да го лоцираме крлежот на кожта?

Што се крлежи?
Крлежите (Ixodes) сe ситни членконожци кои се хранат со крвта од својот домаќин преку својата цврство зариена рилка во кожата на човек, диви животни и домашни миленици. Крлежите се закачуваат безболно и без предизвикување на чешење, се додека не се нацицаат доволно крв (2-7 дена) во подрачја со потенка кожа: прегиби, позади уво, под гради и во коса, но и на делови кои не се заштитени со облеката.

Кого напаѓа и каде?
Кржежите живеат во вегетација (дрва, грмушки и трева) каде што се движат топлокрвни животни и човек. Нивната активност започнува во пролет и трае до првите заладувања во есен. Најчесто ги напаѓа децата поради нивната изложеност  и безгрижна игра на тревнати површини и грмушки, како и рекреативци со активности во природата, но кои се несоодветно облечени и незштитени со посебни средства (репеленти).

Зошто убодот од крлеж треба да го сфатиме сериозно?
Убодот од крлежот освен што може да предизвика локална непријатност, поради цицање на крвта на разни топлокрвни животни, може да  пренесе бактерии од кои најопасна е Borrelia burgdorferi, предизвикувач на Лајмска болест. Симптомите на Лајмска болест се: прстенасто црвенило на кожата на местото на убод кое се шири, осип на кожата, главоболка, умор, зголемена телесната температура, болки во мускулите и зглобовите, отоци на зглобовите и лимфните јазли. Ненавремено третирање на Лајмска болест, доведува до трајни оштетувања и инвалидност.

                    

Како можеме да се заштитиме?

  •  Избегнување на активности во висока неискосена трева и грмушки.
  •  Задолжително носење на светла облека која го покрива телото(долги ракави и ногавици преку кои се навлечени чорапи, капа или шешир),  на која може да се забежи и отстрани крлежот.
  • Задолжителна употреба на сретства кои ги одбиваат инсектите  – репеленти согласно со упатството за употреба поради должината на дејството. Кај помали деца не се препорачува употреба на репеленти на рацете бидејќи ги принесуваат кон устата.