Леќа со кари и сладок компир

Леќа со кари и сладок компир

Потребни состојки:

  • 2 лажички маслиново масло
  • 2 шолји леќа
  • 3-4 млади кромитчиња
  • 2 чешни лук
  • 1 подебело тркалце ѓумбир, ситно сечкано
  • 2 лажички кари
  • 1 лажичка мелен кумин
  • 1 поголем сладок компир
  • 4 шолји зеленчукова супа
  • 2 лажици доматно пире

Подготовка:

Загрејте го маслиновото масло во тефлонска тава на средна температура и ставете ги да се пропржат ситно сечканиот кромид, лукот и слаткиот компир сечкан на коцки. Додајте ги зачините и ¼ лажичка сол. Пржете една до четири минути, додека омекнат состојките. При крај додајте ја и леќата колку да ја фати топлина. Состојките префрлете ги во тенџере и потопете ги со зеленчукова супа. Зачинете по желба и додајте го доматното пире пред леќата да зоврие. Покријте го тенџерето и варете ја леќата на средна температура додека омекне.