Месечен хороскоп ноември – декември 2026

Месечен хороскоп ноември – декември 2026

Успех кај скорпиите, љубов за лавовите

Овен (21.3-19.4)

Ѕвездите ви препорачуваат да не се потпирате на другите, туку со сопствени сили да го трасирате патот што води кон реализацијата и успехот. Вашиот борбен и иницијативен дух умее да се справи со ограничувањата, така што верувајте во сопствените вредности и утврдете ги приритетите. Најважно е да не дејствувате импулсивно и непромислено, туку трпеливо да итате кон целта.

Бик (20.4-20.5)

Доволно се пасивизиравте и чекавте некое чудо да ви се случи и да ве извлече од кризата. Единствено со храбро и решително дејствување ќе се ослободите од ограничувањата и ќе отворите хармонична перспектива. Не жалете по минатото, бидејќи кога една врата се затвора, друга се отвора.

Близнаци (21.5-20.6)

Полека, но сигурно успеавте да се стабилизирате и да покажете решителност во борбата со лицата кои негативно влијаат врз вашата личност. Затоа, уживајте во победата и направте нова стратегија која ќе ви помогне побрзо да стигнете до целта. На професионален, односно финансиски план не преземајте ризични активности.

Рак (21.6-22.7)

Имајте нова визија во животот и верувајте во сопствените вредности, бидејќи само така ќе може да се извлечете од кризата. Време е храбро да дејствувате и без предрасуди да тргнете кон тоа што ве привлекува. Стравот и несигурноста нема да ви донесат успех и позитивни промени.

Лав (23.7-22.8)

Покажете дека позитивните промени што неодамна ви се случија се плод на упорното и трпеливо дејствување, а не на моменталната инспирација. Продолжете со исто темпо да итате кон целта и да ја развивате способноста за следење на оригиналните и прогресивни доживувања. Ѕвездите укажуваат дека во доменот на љубовта ќе постигнете високо ниво на хармонија, односно до израз ќе дојде вашата привлечност.

Девица (23.8-22.9)

Ослободете се од потребата за експресно пристигнување на целта, мудро и трпеливо согледајте ги околностите во кои се наоѓате и покажете дека умеете да излезете на крај со ограничувачките фактори. Нема да постигнете успех ако продолжите со жалење да гледате на случувањата од минатото, туку храбро насочете се кон перспективите на иднината.

Вага (23.9-22.10)

Прифатете ги новитетите и не размислувајте за негативните искуства од минатото, зашто поседувате квалитет за успешно справување и со најтешките искушенија. Соочете се со непознатото и тргнете кон тоа што ве привлекува. Време е да направите нешто добро за себе и да постигнете успех во работата и љубовта.

Скорпија (23.10-21.11)

Ѕвездите ви препорачуваат да ги преземете работите во свои раце и храбро да се движите кон целта. Доволно се чувствувате оптоварено и истоштено, поради што ќе мора нешто да преземете и да ги надминете летаргијата и психофизичката криза. Со развивање на самодовербата, позитивната енергија и храброста, успехот нема да ве заобиколи.

Стрелец (22.10-21.11)

Елиминирајте ја малодушноста и бидете оптимистички насочени кон предизвиците на животот бидејќи постои можност за надминување на проблематичните ситуации. Покажете подготвеност за соработка, другарувајте со блиските и фокусирајте се кон мирот и хармонијата. Овој период е поволен за патување и за инвестирање во недвижности.

Јарец (22.12-19.1)

Досегашната пасивност и зависност од другите лица не ви донесе значајни резултати. Затоа, ќе мора да бидете поенергични при спроведувањето на идеите, бидејќи поседувате сила и квалитет за напредување на љубовен и професионален план. Не ја трошете позитивната енергија на лица што не ве заслужуваат.

Водолија (20.1-18.2)

Храбро насочете се кон целта и не оставајте ништо на случајот. Ви се препорачува да не ги трошите емоциите и енергијата на лица и ситуации што не ветуваат хармонична перспектива. Воспоставете односи што нема да се темелат на краткотрајно задоволство и еднонасочен интерес, туку на меѓусебно почитување и духовно надполонување.

Риби (19.2-20.3)

Несигурноста и расеаноста нема да ви овозможат иницијативно и храбро спроведувањето на идеите. Направете план пред да дејствувајте, зашто планетарните констелации не се најхармонично поставени кон вашиот зодијачки знак. Тоа укажува дека потенцијалните ризици и погрешните проценки се закануваат да ве одведат во проблематична насока.

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој