Месечен хороскоп ЈАНУАРИ – ФЕВРУАРИ 2023

Месечен хороскоп ЈАНУАРИ – ФЕВРУАРИ 2023

Успех за лавовите, борби кај јарците

Овен (21.03 – 19.04)

Не верувајте во се што ќе слушнете или што ќе ви биде сервирано, зашто неретко ви се случувало максимално да им подлегнете на туѓите сугестии и да прифатите односи што се покажале непродуктивни и поразителни. Аналитичноста и трпеливоста се клучот на успехот, а не нервозното и импулсивно реагирање.

Бик (20.04 – 20.05)

Не треба да се надевате на успех бидејќи односот што го развивате кон околностите на животот, не ветува реализација и излез од кризата. Ако сакате да ја воспоставите психофизичката рамнотежа ќе мора да покажете поголема одговорност, чувство за другите и стабилност во оденсувањето. Бидете самокритични и умни во настапот.

Близнаци (21.05 – 20.06)

Направете план пред да дејствувате, зашто само со трпеливо и дисциплинирано однесување ќе успеете да ги реализирате потенцијалите. Најважно е што повеќето од проблемите ги оставивте зад себе и што многу поспонтано ќе можете да им пријдете на новите ангажмани и да постигнете напредок.

Рак (21.06 – 22.07)

Имате одлични можности за зацврстување на положбата во професионалната сфера и за воспоставување многу похармонична перспектива во емотивниот однос. Причината за задоволството се наоѓа во позитивното влијание на ѕвездите и во потпитањето на сопствените сили. Овој период е поволен за недвижности.

Лав (23.07 – 22.08)

Доволно чекавте работите да се помрднат од мртвата точка, зашто без енергично и храбро дејствување, ретко може да се воспостави промената и да се тргне кон похармоничната перспектива. Успехот ќе пристигне само треба да бидете порешителни. Вие тоа го можете, бидејќи му припаѓате на карактерно најсилниот зодијачки знак.

Девица (23.08 – 22.09)

Потребно е добро да се организирате и да им дадете приоритет на контактите со лицата кои позитивно ве стимулираат, а да се дистанцирате од оние кои ви ја крадат позитивната енергија. Мудро и трпеливо искористете ги вредностите, но внимавајте и на своите слабости. Припазете и на здравствената состојба.

Вага (23.09 – 22.10)

Проблемите што ве следат на емотивен план, нема да ги елиминрате, ако не се обидете со позитивен пристап да влијаете на лицата кои ве опкружуваат. Всушност, иако за многу работи ја говорите вистината, неопходно е да сфатите оти во миговите на криза, секогаш попаметниот попушта. Толеранцијата и фокусот кон хармонијата се вашето најсилно оружје.

Скорпија (23.10 – 21.11)

Направете план пред да се зафатите со ризичните активности, зашто ако непромислено дејствувате тогаш нужно ќе се соочите со ризици и потешкотии, од кои нема лесно да се ослободите. Клучно е да ги препознаете опасностите и да тргнете напред кон животот. Добро е ако патувате.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Без оглед што успеавте да ги надминете проблемите во односот со блиските, сепак не треба премногу да се опуштате, зашто лесно може да се случи сето она што упорно и трпеливо го градевте, да се сруши како кула од карти. Мудрото постапување е основата за вашето напредување.

Јарец (22.12 – 19.01)

Очекувајте големи борби, така што не дозволувајте да ве зафати стравот од предизвици, иако планетите нема да ви овозможат лесна реализација и хармонична соработка. Најважно е да се оттргнете од непродуктивните состојби и да не форсирате цели што само за в миг ќе ви се чинат привлечни. Можна е финансиска добивка.

Водолија (20.01 – 18.02)

Не треба премногу нервозно и тврдоглаво да се однесувате, зашто спонтаноста и широчината на духот ви се нужно потребни. Внатрешната тензија ќе исчезне ако работите на прифаќањето на самите себеси, гледате позитивно на судбината и отворите нова страница во животот. Промената е клучот за успехот.

Риби (19.02 – 20.03)

Преголемото вложување на време и енергија во контактите со другите, не ви донесе хармонични резултати и перспективна соработка, така што е неопходно нешто да промените во тактиката. Клучно е да направите напор за да се озивлечете од меланхоличниот период и да се ослобоите од напнатоста.

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој