Месечен хороскоп ЈУЛИ – АВГУСТ 2023

Месечен хороскоп ЈУЛИ – АВГУСТ 2023

Промени кај стрелците, љубов кај вагите

Овен (21.03 – 19.04)

Не им подлегнувајте на туѓите провокации и внимавајте на стресот. ако премногу емотивно реагирате, тогаш само ќе ги откриете сопствените слабости и ништо добро нема да постигнете. Заштитете се себеси и преиспитајте пред кого се отворате. Планетарните влијанија не се добри за ризици и непромислени дејствувања.

Бик (20.04 – 20.05)

Иако неретко сентименталноста, односно размислувањето за минатото ви дава сила и поттик за соочување со парспективите (особено кога се потсетувате на позитивните искуства), сепак не е добро ако наместо да размислувате за убавата иднина, вие продолжите да се преокупирате со тоа што поминало. Завршете со непродуктивното размислување и отворете се за се што е ново, позитивно и убаво.

Близнаци (21.05 – 20.06)

Не треба да бегате од соочување со фактичката состојба во која подолг период се наоѓате. Време е да започнете малку подлабоко да го анализирате својот емоционален живот и да ги изнесете на површина сите вредности и слабости на сопствената личност. Периодот е добар за патувања.

Рак (21.06 – 22.07)

Потребата за жртвување и потиснување на сопствените потреби, а се со цел да се воспостави мирот во односите ќе биде главна тема и во наредниот период. Имено, максимално ќе се оптоварувате со туѓите проблеми, поради што нема да имате енергија за реализација на сопствените желби и потреби. Направете фокус кон себе и дејствувајте во насока на позитивните можности.

Лав (23.07 – 22.08)

Мудро промислите пред да дејствувате и прецизно утврдете ги приоритетите што имате намера да ги реализирате во периодот што следи. Доколку непромислено итате кон целта, без притоа да водите сметка на одморот и ризикот, тогаш психофизички ќе се истоштите и ќе се доведете во сериозна опасност.

Девица (23.08 – 22.09)

Ако научите да ги покажувате своите чувства и да се отворите за искрени контакти со блиските, ќе создадете хармонични перспективи за подобрување на својата љубовна и духовна состојба. Ви се препорачува да ја елиминирате тврдоглавоста и нестабилноста и да бидете позитивно насочени кон другите.

Вага (23.09 – 22.10)

Ако сакате да ја доживеете и почувствувате љубовта во вистинското светло, неопходно е да дејствувате, а не да се чекате емоционалната благосостојба да ви падне од небо. Затоа, време е да ја манифестирате својата вредност и посебност и со решителен пристап да постигнете високо ниво на љубовна хармонија.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Постојат некои нешта кои не се забораваат, така што непотребно се обидувате да се дистанцирате од настаните што неодамна беа присутни во вашиот живот. Тие длабоко се вкопани во вашата потсвест, поради што се чувствувате изморено, блокирано и незадоволно. Најдобро ќе биде ако во наредниот период се ориентирате кон перспективите на иднината и конечно завршите со емоционалната врзаност за минатото.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Храбро издржете ги миговите полни со искушенија и иницирајте промени. Доволно ги потиснувавте сопствените вредности и дозволувавте да ве разнебитуваат туѓите недобронамерни влијанија. Поседувате високи квалитети кои е неопходно да ги ставите во функција.

Јарец (22.12 – 19.01)

Позитивните аспекти на ѕвездите конечно ќе ви овозможат да се извлечете од летаргијата и напнатоста. Затоа, престанете да ја обвинувате лошата судбина за се што ви се случува во животот и тргнете храбро кон новите предизвици. во доменот на љубовта време е да се отворите за необичните доживувања и да го следите говорот на телото.

Водолија (20.01 – 18.02)

Во наредниот период пронајдете време за релаксација, бидете аналитични и дистанцирани од контактите со лицата кои постојано ви се наметнуваат и ви ја одземаат позитивната енергија. Убавите можности се пред вас, така што искористете ги шансите да се заштитите од се што е лошо и да тргнете кон тоа што е добро.

Риби (19.02 – 20.03)

Со потиснување на сопствените желби и потреби, а со следење на туѓите сугестии и наметнувања ништо позитивно нема да постигнете, така што е неопходно да го промените концептот на однесување и размислување, односно да се изборите за своите права. Бидете посветени на своето здравје.

 

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој