НАПРЕДОК ЗА ВАГИТЕ, ЗАДОВОЛСТВА КАЈ РАКОВИТЕ
Овен (21.3-19.4)
Ако сакате да ја подобрите перспективата се препорачува да бидете аналитични, селективни и внимателни при преземањето на активностите. Но, ако и понатаму продолжите безрезервно да ја трошите енергијата и да се жртвувате за лицата и настаните кои тоа не го заслужуваат, тогаш не очекувајте надминување на проблемите и воспоставување хармонична визија.
Бик (20.4-20.5)
Вишокот на енергија и големата потреба за препуштање кон страстните вибрации треба да ве мотивираат кон љубовната стимулација и да ви донесат магнетска привлечност. Доволно ги потиснувавте потенцијалите, време е да направите нешто позитивно на емотивен план. Во полето на работата ќе се соочите со нервоза и неприфаќање на идеите, така што треба да бидете внимателни.
Близнаци (21.5-20.6)
Не оставајте ништо на случајот, продвижете ги идеите и воспоставете нова визија во сите сфери на животот. Најдобро е да не верувате во туѓите ветувања, туку да ги елиминирате надворешните неконструктивни влијанија и храбро да тргнете кон целта. Ќе мора да воведете промени во животот, бидејќи досегашното однесување се покажа непродуктивно.
Рак (21.6-22.7)
Ѕвездите ветуваат успех и реализација, особено ако ги согледате грешките од минатото и го надминете меланхоличното расположение. Затоа, ви се препорачува да не се вртите кон нештата што поминале, туку размислувајте за иднината. Наскоро ве очекуваат големи задоволства и трансформација во сите сфери на животот.
Лав (23.7-22.8)
Опстојувањето на принципите и на желбата за доживување на убавината, неретко ви создаваат проблеми во контактите со околината, зашто ретко кој умее целосно да ги задоволи вашите настојувања и да го одржи квалитетот во соработката. Иако е добро што имате потреба за градење искрени односи, треба да разберете дека егзистирате во опкружување во кое недоволно се почитуваат вистинските вредности.
Девица (23.8-22.9)
Ослободете се од штетните влијанија на лицата кои ве опкружуваат и почнете со поголема верба во сопствените вредности да итате кон иднината. Ѕвездите ќе ви ја донесат потребната сила за ефектуирање на започнатите активности и за реализирање на желбите. Во доменот на љубовта прифатете го искушението и развивајте го авантуристичкиот дух.
Вага (23.9-22.10)
Доволно се оптоварувавте и меланхолично размислувавте во претходниот период, време е храбро и активно да тргнете кон реализирањето на своите психофизички квалитети. Интуитивноста, духовноста и креативноста максимално ќе дојдат до изра. Верувајте во сопствените вредности бидејќи полека, но сигурно ќе успеете работите да ги продвижите кон хармоничната насока.
Скорпија (23.10-21.11)
Не оставајте лицата кои манифестираат неодговорност и себичност да одлучуваат за вашата судбина, зашто единствено со сопствени сили ќе успеете да воспоставите нова перспектива и да се извлечете од наметнатите ограничувања. Подобрете го статусот во професионалната сфера и отворете се за позитивната реализација во љубовните односи.
Стрелец (22.10-21.11)
Реално согледајте ги околностите во животот и престанете да ѝ подлегнувате на негативната енергија. Клучно е да ги утврдите причините што ви ги создаваат меланхоличните емоции. Имајте на ум, оти состојбата во која се наоѓате, бара упорно ангажирање, трпеливо и конструктивно однесување.
Јарец (22.12-19.1)
Ако не сакате да ја загубите можноста за креирање на позитивна визија, неопходно е да се дистанцирате од лицата кои зрачат со негативна енергија. Не треба да ве зафаќа стравот од предизвици, бидејќи никакви пречки и ограничувања нема да ве спречат во напредувањето.
Водолија (20.1-18.2)
Наместо да ги следите туѓите идеи и влијанија, ѕвездите ви препорачуваат на индивидуален начин да се справите со проблемите. Верувајте во сопствените вредности и покажете ја силата во миговите кога ќе се соочите со непознатото. Во секој случај, бидете трпеливи, мудри и дистанцирани од јавноста.
Риби (19.2-20.3)
Не е добро премногу да им верувате на лицата од непосредната околина, зашто нивното влијание ќе ви предизвика нервоза и конфузност при утврдувањето на причините за неперспективната состојба. Најдобро е мудро и аналитички да ги согледате околностите и храбро да ги надминете тешкотиите.
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој