Месечен хороскоп јули – август 2026

Месечен хороскоп јули – август 2026

АВАНТУРИ КАЈ БЛИЗНАЦИТЕ, УСПЕХ ЗА ДЕВИЦИТЕ

Овен (21.3-19.4)

Искористете го присуството на Сатурн во вашиот зодијачки знак и продвижете ги нештата кон вистинската насока на животот. Имено, виталноста, храброста и подготвеноста за иницирање промени на психофизички план, треба да бидат главниот мотиватор кој ќе ве однесе кон успехот и хармонизацијата. Бидете активни во полето на љубовта.

Бик (20.4-20.5)

Ви се препорачува да ги неутрализирате емоциите и да не форсирате контакти што однапред се осудени на неуспех. Најважно е да сфатите дека независноста и трпеливоста ви се неопходно потребни, така што учете од искуството и со храбро дејствување елиминирајте го стравот и психофизичките ограничувања.

Близнаци (21.5-20.6)

Создадете предуслови за воспоставување на хармонична соработка, бидејќи ѕвездите ќе ви помогнат да ги реализирате желбите. На деловен план не влегувајте во ризични активности. Овие месеци се одлични за патување и препуштање на авантурите.

Рак (21.6-22.7)

Среќата по којзнае кој пат повторно ќе засјае на вашето небо, поради што ќе успеете да се извлечете од мошне проблематичната состојба, а во која се најдовте поради преголемата доверба во туѓите сугестии и својата наивност. Верувајте во сопствените вредности и движете се напред кон новата перспектива на животот.

Лав (23.7-22.8)

Непријатностите и ограничувањата наметнати од лицата кои ве опкружуваат ви создаде душевен немир и нервоза, состојба што можеше лошо да влијае врз вашето здравје. Но, бидејќи навреме ги согледавте опасностите, конечно ќе може да здивнете и да му се препуштите на доброто расположение.

Девица (23.8-22.9)

Чекорот кон воспоставувањето на новата визија во животот е направен, поради што отсега натаму многу нешта ќе ви одат полесно. Но, тоа не значи дека треба да се опуштите и да заборавите на обврските, туку ќе мора со уште поголема сила да ги стабилизирате околностите. За да се почувствува напредокот, треба мошне упорно и дисциплинирано да се работи.

Вага (23.9-22.10)

По напорните ангажмани што ги имавте во претходниот период, кога се соочивте со туѓата неодговорност и егоистично однесување, конечно е дојдено времето за елиминирање на меланхолијата и за доживување на позитивните мигови на животот. Најважно е што во овие месеци високите вредности ќе ви дојдат до израз.

Скорпија (23.10-21.11)

Позитивната енергија која ја покажувате во пристапот кон нештата укажува дека лесно и брзо ќе дојдете до целта, така што верувајте во сопствените вредности, манифестирајте ја добронамерноста и остенете верни на визијата што имате намера да ја спроведете. Овој период е добар за далечни патувања.

Стрелец (22.10-21.11)

Не сте задоволни од нештата во љубовта, поради што ќе мора нешто да промените во однесувањето, ако сакате да го почувствувате напредокот. Наместо да се трошите на психофизички план со надворешни активности, подобро е да му се предадете на задоволството што го носи домот и убаво да се одморите.

Јарец (22.12-19.1)

Како правите во животот, тоа треба и да го очекувате во иднината. Ви се препорачува да не им подлегнувате на туѓите ветувања и непромислено да тргнете по патот на скриеното и ризичното, бидејќи ќе дојде време кога горко ќе се покаете за постапките што би можеле да ги направите.

Водолија (20.1-18.2)

Состојбата на психофизички план не ви е најсовршена, најмногу поради непотребното трошење на креативната енергија на лица и настани кои не ви донесоа мир и хармонија. Затоа е неопходно да ги утврдите приоритетите, да се заштитите од негативните влијанија на надворешната околина и да пронајдете време за одмор и релаксација.

Риби (19.2-20.3)

Бидете активни и отворени за искушенијата, но притоа воспоставте ги приоритетите и изградете го концептот по кој ќе се движите во животот. Ако продолжите да манифестирате несигурност, расеаност и подложност на надворешните влијанија, тогаш однапред ќе бидете осудени на неуспех. Ѕвездите укажуваат дека поседувате сила и квалитет за надминување на ограничувањата, само треба повеќе да верувате во сопствените вредности.

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој