Месечен хороскоп мај-јуни 2022

Месечен хороскоп мај-јуни 2022

Лавовите ќе бидат успешни, а Скорпиите вљубени

Навлегувањето на планетата на искушенијата, страста и енергичноста Марс во знакот на Риби, а потоа и во Овен ќе предизвика големи борби,неизвесности и нови животни ситуации кај сите зодијачки знаци.

Овен (21.03 – 19.04)

Овните може да имаат проблеми поврзани со недвижности и недоразбирања во домот. Близок член на семејството треба да внимава на својата психофизичка состојба и да нé презема активности со кои ќе се доведе во непријатна ситуација. Мирот, фокусот кон сопствените вредности и избегнувањето ризици треба да биде им приоритет во текот на наредните месеци.

Бик (20.04 – 20.05)

Бикот ќе треба да внимава на односите со пријателите, да ги преиспита своите планови и да не влегува во тимска работа со лица кои манифестираат неодговорност, себичност и нестабилност. Фокусот кон сопствените вредности треба да му биде приоритет, како и избегнувањето ризични активности на финансиски план.

Близнаци (21.05 – 20.06)

Близнаците ќе бидат позитивно инспирирани и со можност да создадат хармонични предуслови за напредување во сите домени од животот. Преземањето одговорност, јасното определување на целите, патувањата и промените се нештата кои треба да ги иницираат во наредните месеци.

Рак (21.06 – 22.07)

Родените во знакот на Рак ќе се соочат со голема емоционална криза и ќе имаат проблеми во односите со другите луѓе. Им се препорачува добро да размислат за грешките од минатото, да почнат да работат на хармонизирање на личноста и да ја преземат одговорноста за сé што им се случува во животот.

Лав (23.07 – 22.08)

Лавовите ќе продолжат да бидат спонтани, отворени и љубопитни. За да бидат во мир со себе, се препорачува да ги избегнуваат лицата кои постојано се жалат и шират негативна енергија и да се насочат кон единките кои позитивно влијаат врз нивната личност.

Девица (23.08 – 22.09)

Девиците ќе треба да направат коренити промени во својот живот и да ги утврдат приоритетите, бидејќи транзитот на Марс може да им донесе големи искушенија, неизвесност и ограничувања. Мудрото постапување и соочувањето со нештата кои долг период им создаваа внатрешен немир и стагнација треба да бидат клучниот аспект за излез од кризата.

Вага (23.09 – 22.10)

Терезиите фокусот треба да го стават на патувања, вложување во своето знаење и во емоционално ослободување од сé што го заробува нивниот дух. Меланхоличните изблици, стравот од напуштање и личната несигурност ќе ги сведат на минимум само ако престанат себеси да се доживуваат за жртва на околностите од минатото.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Влијанието на планетата Јупитер на Скорпиите ќе им донесе нови ситуации во доменот на љубовта и можност конечно да завршат со лицата и односите кои ја преоптоваруваа нивната личност. Слободните Скорпии треба да се насочат кон љубовта и да се отворат за емоционална врска со лице кое максимално ќе ги освои со својата необична енергија.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Родените во знакот Стрелец ќе се соочат со големи тешкотии и недоразбирања со постоечкиот партнер, така што треба да внимаваат на односите и да најдат решение за наталожените проблеми. Добро е да го смират својот дух со слушање релаксирачка музика, прошетки во природа и посети на културни манифестации.

Јарец (22.12 – 19.01)

Јарците треба да бидат дисциплинирани, умерени и фокусирани на позитивните вредности, зашто мала грешка може скапо да ги чини во текот на следните месеци. Од друга страна, со посветеност на самите себеси, мудро дејствување и утврдување на приоритетите може да создадат одлични перспективи за напредување и реализирање на потенцијалите.

Водолија (20.01 – 18.02)

Водолиите се ослободија од присуството на Марс во нивниот зодијачки знак, така што ќе можат да отворат нови перспективи на професионален и емоционален план. Успехот нема да ги заобиколи, посебно ако работат трпеливо, промислено и упорно на остварувањето на целите.

Риби (19.02 – 20.03)

Рибите ќе бидат спонтани, опуштени и полни со креативна енергија. Ослободувањето од напнатоста и дистанцата од лицата кои негативно влијаеа врз нивната личност ќе им донесе поубави моменти во љубовта и напредок во работата. Единствено треба да внимаваат во сообраќајот, документите и договорите.

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој