Љубовни предизвици и задоволства кај Стрелецот и Водолијата
Овен (21.03 – 19.04)
Ѕвездите ви препорачуваат да бидете селективни и мудри при контактите со другите, односно да другарувате со лицата кои манифестираат добронамерност и определба за позитивно проникнување во суштината на вашата личност. Не дозволувајте негативците да ве исцрпат на енергетски план. Во љубовта внимавајте на посесивноста.
Бик (20.04 – 20.05)
Ќе направите голема грешка доколку станете подложни на надворешните сугестии и доколку се обидете со манифестирање на нервозата и импулсивноста да стигнете до целта. Стабилизирајте ги емоциите и не подлегнувајте на надворешните притисоци и манипулации. На здравствен план внимавајте на кожата, забите или коските.
Близнаци (21.05 – 20.06)
Ограничувањата, ударите на судбината и тешкотиите максимално ве следеа во претходниот период и ве соочуваа со неизвесност и со психофизичка блокада. Сепак, притисоците храбро и непоколебливо ги издржавте, така што уживајте во победата. Искористете ја шансата за расчистување со лошите односи и верувајте во сопствените вредности.
Рак (21.06 – 22.07)
Во наредниот период следете ги љубовните вибрации, односно препуштете им се на задоволствата во сите домени од животот. Илузорно е да ги потиснувате вредностите и со скептички дух да гледате кон добронамерното однесување на партнерот, посебно кога постојат идеални предуслови за воспоставување хармонија. Отворете се за позитивни промени.
Лав (23.07 – 22.08)
Искористете ги предиспозициите што ќе ви ги отвори планетата на љубовта Венера и бидете решителни при преземењето на активностите, бидејќи не е дојдено вистинското време за потиснување на креативната енергија и за бегање од искушенијата. Успехот ќе следи ако бидете трпеливи. Здравствената состојба ќе ви се стабилизира.
Девица (23.08 – 22.09)
Ѕвездите укажуваат дека заслужувате да ги вкусите плодовите на убавината, хармонијата и љубовта. Затоа бидете активни и верувајте во сопствените вредности. Среќата ќе биде максимално присутна. Добро е ако работите на средување на документацијата, инвестирате во недвижности или ако преземете кратко патување.
Вага (23.09 – 22.10)
Проблемите на психофизички план ќе успеете да ги надминете ако согледате дека треба да се дистанцирате од одредени лица кои постојано ви ја крадат позитивната енергија. Преголемата свртеност кон минатото и емоционалната ранливост нема да бидат толку силно изразени како што беа во претходниот период. Иницирајте го авантуристичкиот дух и преземете интересно патување.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Доколку продолжите и понатаму да се жртвувате за другите и непромислено да го трошите слободното време, тогаш не очекувајте стабилизација на состојбата и излез од наталожените ограничувања. Посветете се на самите себе и не дозволувајте негативците да ви ја дисхармонизираат енергијата. Бидете позитивно насочени кон работата и манифестирајте креативност.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Транзитот на планетата Венера кон вашиот зодијачки знак ќе ви овозможи необично искушение во доменот на љубовта, енергичност во настапот и креативност во работата. Искористете ги позитивните перспективи и покажете подготвеност за предавање на задоволствата. Верувајте ѝ на интуицијата.
Јарец (22.12 – 19.01)
Во претходниот период успеавте да ги утврдите приоритетите и да се ослободите од дисхармоничното влијание на лицата кои ве опкружуваат. Продолжете со исто темпо да итате кон искушенијата. Размислувањето за нештата што поминале нема да ви донесе ништо позитивно. Бидете фокусирани кон мигот на сегашноста и следете ги импулсите на љубовта.
Водолија (20.01 – 18.02)
Способноста за воспоставување хармонични вибрации ќе предизвика саканото лице да ја препознае вашата емоционална посветеност. Тоа ќе ви овозможи максимално подобрување на љубовната ситуација и големи задоволства. Насочете се кон позитивната енергија и уживајте во предизвиците. Одличен период за патување и за креативно изразување.
Риби (19.02 – 20.03)
Ѕвездите ви препорачуваат да верувате во позитивното, да не им робувате на предрасудите и да тргнете оптимистички кон искушенијата. Нема причина да продолжите со меланхолијата и со психофизичкото оптоварување. Ве очекуваат големи предизвици и можности за напредување на деловен, односно финансиски план. На здравствено поле внимавајте на абдоменот и на органите за варење.
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој