Месечен хороскоп НОЕМВРИ – ДЕКЕМВРИ 2022

Месечен хороскоп НОЕМВРИ – ДЕКЕМВРИ 2022

Убав период за стрелците, патување кај близнаците.

Овен (21.03 – 19.04)

Поставеноста на ѕвездите ве советуваат да бидете селективни, одговорни и мудро поставени пред разните искушенија на животот. Без оглед на големите очекувања и вложениот труд успехот како да ве заобиколува, а немирот е константно присутен. Внимавајте на здравствената состојба и избегнувајте ги стресните ситуации.

Бик (20.04 – 20.05)

Ви се препорачува да не вршите голем психолошки притисок врз другите бидејќи тие и онака си имаат свои проблеми. Многу подобро е тешкотиите во комуникацијата да ги решавате на мирен и дипломатски начин, односно со објективно согледување на причините што ви ја создаваат нервозата.

Близнаци (21.05 – 20.06)

Активирајте ја аналитичноста и верувајте и на интуицијата, бидејќи безглавото итање кон целта и подложноста на туѓите влијанија и ветувања, можат да се покажат мошне проблематични во периодот што следи. Не дозволувајте туѓата неодговорност и ограничувачките фактори присутни во опкружувањето да ве оддалечат од целта. Добро е ако се одлучите да патувате.

Рак (21.06 – 22.07)

Со експонирање на тврдоглавоста, крутоста и суетата, не очекувајте смирување на ситуацијата. Ако сакате да постигнете мир и хармонија во односите, неопходно е да откриете со какви потреби и проблеми се соочуваат блиските. Без конструктивно вложување во соработката, нереално е да очекувате подобрувањето да дојде самото по себеси.

Лав (23.07 – 22.08)

Пронајдете време за себе, зашто ако и понатаму продолжите да се окупирате со притисоците што ви ги создаваат другите, тогаш неизбежно ќе се најдете во психофизичка криза од која мошне тешко ќе се извлечете. Доколку настапите нервозно и тврдоглаво, не очекувајте успех и стабилизација. Бидете креативни и престојувајте во природа.

Девица (23.08 – 22.09)

Анализирајте ја состојбата во која се наоѓате, притоа не ја арчите енергијата на безначајни работи и дистанцирајте се од негативното влијание на околината. Со манифестирање на емоционалната ранливост, уште повеќе ќе се оддалечите од хармонијата. Се препорачува да контактирате или соработувате со лица кои се поврзани со странство.

Вага (23.09 – 22.10)

Иницирајте ги сопствените вредности и покажете дека периодот исполнет со психофизичката криза и егзистенцијална стагнација го имате оставено зад себе. Имајте на ум дека поседувате голема ментална сила и позитивна енергија за елиминирање на ограничувањата и за реализирање на потенцијалите.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Потенцијалите за постигнување напредок и реализација нема да бидат според очекувањата, така што не влегувајте во ризици и сочувајте ја силата за некој поперспективен период. Преземете акција исклучиво во моментите кога ќе бидете подготвени за новите предизвици.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не чекајте убавиот период да ви помине неискористено, туку иницирајте ги вредностите и остварете ги желбите што подолго време ви се всадени во длабоичната на душата. Клучно е да се чувствувате добро на психофизички план и да не стравувате од непознатото. Периодот е позитивен за финансии.

Јарец (22.12 – 19.01)

Ѕвездите се хармонично поставени кон вашиот зодијачки знак, но ако манифестирате неодговорност и желба за експресно пристигнување на целта, тогаш не очекувајте долготрајна стабилизација и реализација. Бидете позитивно отворени за предизвиците и мудри во пристапот. Отворете се за љубовните предизвици.

Водолија (20.01 – 18.02)

Манифестацијата на крички однос кон се што ве опкружува и уривањето на можноста за воспоставување хармонична релација со блиските, не се гаранција дека ќе го пронајдете излезот од наметнатите ограничувања и ќе го постигнете задоволството. Променете го односот кон нештата и ќе постигнете мир и хармонија во односите.

Риби (19.02 – 20.03)

Ќе се соочите со непријателства и крицизам, посебно во доменот на професијата, така што ќе мора да ја смирите енергијата и да покажете трпеливост во комуникацијата. Мудро согледајте ги тешкотиите кои подолго време ве измачуваат и не брзајте. Најважно е да внимавате на психо-физички план.

 

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој