Предизвици за близнаците, хармонија кај лавовите
Овен (21.03 – 19.04)
Во претходниот период премногу работевте, така што конечно пронајдете време за себе, одморете се и подгответе се за новите предизвици. На полето на љубовта може пријатно да бидете изненадени, затоа размислувајте позитивно и отворете се за споделување на позитивните емоции. Внимавајте на здравствен план.
Бик (20.04 – 20.05)
Страста ви е нужно потребна, како и романтичното надополнување со саканото лице, поради што елиминирајте ги предрасудите и прифатете го предизвикот. На работен план ѕвездите ви препорачуваат да бидете мудри, аналитични, селективни и да остварите соработка со лицата кои негуваат стабилност, одговорност и верност кон должноста.
Близнаци (21.05 – 20.06)
Уживајте во успехот и задоволството кои ги постигнавте со макотрпна работна ангажираност, одговорност и многу откажувања. Бидејќи најголемиот товар успеавте полека, но сигурно да го симнете од својот грб, време е добро да се организирате и со поголема самодоверба да тргнете кон новите предизвици.
Рак (21.06 – 22.07)
Иако во денешно време ретко кој ги почитува духовните вредности, туку се води од материјалните и телесни желби, сепак ѕвездите ви препорачуваат да продолжите и понатаму да се однесувате хумано и ангажирано. Таквиот пристап кон животните околности наскоро ќе ви донесе позитивни резултати и мигови на задоволство и опуштеност.
Лав (23.07 – 22.08)
Вашата разумност, свесност за вистинските вредности и одговорност треба да ви помогнат да излезете од психофизичката криза и да ја воспоставите потребната хармонија. Ако можете патувајте или фокусирајте се кон лицата и состојбите што позитивно влијаат врз вашата личност. Овој период е добар за недвижности.
Девица (23.08 – 22.09)
Во овој период не ви се препорачува да ризикувате, зашто можат да се случат непредвидвливи ситуации, кои ќе ви создадат сериозни потешкотии од кои нема лесно да се извлечете. Затоа, ѕвездите ве советуваат да одите на сигурно, да не се истрчувате со идеите и да не дозволите другите да ве изманипулираат и одведат во бесперспективна состојба.
Вага (23.09 – 22.10)
Ви се препорачува на реален начин да ги согледате околностите и да уживате во мигот на случувањето. Колку и да се трудите, нема да го вратите тоа што поминало. Тоа не значи дека хармонијата ќе ве заобиколи и помалку ќе биде присутна, туку нема да биде иста каква што беше во претходниот период.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Најважно е да бидете аналитични, селективни и подготвени за храбро соочување со непријатностите произлезени од надворешните влијанија. Притоа, следете ги знаците и престанете да подлегнувате пред туѓите негативни вибрации. Внимавајте во љубовните односи.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Направете селекција во контактите и определете се за соработка со лица кои стабилно и одговорно се однесуваат. Потенцијал за успех постои, само треба повеќе да верувате во сопствените вредности. На финансиски план не влегувајте во непотребни ризици и внимавајте на својата психофизчка енергија.
Јарец (22.12 – 19.01)
Понекогаш не е добро ако на чувствата им се дозволи да доминираат со нашиот живот, зашто во тој случај може да се загуби аналитичноста и способноста за прецизно одмерување на планираните активности. Но, од друга страна, е трагично да се егзистира без да се иницираат емоциите кон лицата кои не привлекуваат. Затоа, бидете внимателни во моментите кога не постојат можности за успех, но дејствувајте храбро кога ќе ја почувствувате вистинската инсипирација.
Водолија (20.01 – 18.02)
Не треба да се оптоварувате на психофизички план и да се окупирате со туѓото незнаење и незаинтересираност за следење на позитивните вредности, зашто така ќе станете жртва на надворешните влијанија и нема да успеете да ги реализирате сопствените приоритети. Внимавајте на финансиски план.
Риби (19.02 – 20.03)
Не е добро ако постојано ги одложувате можностите за постигнување успех во доменот на љубовта, зашто ѕвездите ќе ви овозможат спонтано напредување и зацврстување на емотивните задоволства. Затоа, не покажувајте колебливост, туку храбро дејствувајте. Следете ја интуицијата.
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој