Месечен хороскоп септември – октомври 2021

Месечен хороскоп септември – октомври 2021

Промени кај стрелците, нова перспектива кај вагите

Овен (21.03 – 19.04)

Не е добро ако постојано ги одложувате можностите за постигнување стабилност во односите со другите. Ѕвездите ќе ви овозможат напредување и високо ниво на задоволства. Затоа не треба да покажувате колебливост, туку да дејствувате и бидете отворени за соработка. Внимавајте на здравствено поле.

Бик (20.04 – 20.05)

Доволно ги ограничувавте можностите за напредување и ги потиснувавте своите вредности. Страста ви е нужно потребна, како и романтичното надополнување во љубовта. Затоа елиминирајте ги предрасудите и прифатете го предизвикот за воведување значајни промени. Внимавајте во сообраќајот.

Близнаци (21.05 – 20.06)

Околностите во животот никако да ви се подобрат, поради што е неопходно да размислите за причините што ве доведоа во незавидна ситуација. Ако и понатаму безглаво итате кон целта, тогаш не очекувајте стабилизација и хармонична перспектива.

Рак (21.06 – 22.07)

Преиспитајте ги потезите што ги влечевте во доменот на љубовта и обидете се да го промените досегашниот однос кон искушенијата. Емоционалната заслепеност може скапо да ве чини. Посветете се на работата, но пронајдете време за одмор и релаксација бидејќи психофизичката состојба не ви е на највисоко ниво.

Лав (23.07 – 22.08)

Отворете се за јавноста, комуницирајте, бидете спонтани и независни, односно следете го говорот на телото, кое во голема мера ќе ви покаже каков иоднос да воспоставите со лицата кои ве опкружуваат. Страста ќе ви биде на највисоко можно ниво.

Девица (23.08 – 22.09)

Пиолека, но сигурно почнувате да ги елиминирате ограничувачките фактори кои доминираа во претходниот период. Не треба да ве зафаќаат меланхолијата и песимизмот, бидејќи ви престојат одлични можности за напредување. Добро е да размислите за активности поврзани со купопродажба на недвижности.

Вага (23.09 – 22.10)

Вашата оригиналност и прогресивност целосно ќе дојде до израз, така што туѓите конзервативни и ограничувачки влијанија нема да вродат со плод. продолжете да бидете либерални, самостојни и позитивно насочени кон перспективите на животот. Не влегувајте во преголеми финансиски ризици.

Шкорпија(23.10 – 21.11)

Останете доследни на визијата што ја имате зацртано пред себеси. Посебно ви се препорачува да покажете интерес за стабилизарање на односите со саканото лице, да бидете поодговорни и трпеливи и да покажете оти умеете да се грижите за блиските. Добро е ако заминете на патување.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Со реализација на планираните активности и со верба во личните потенцијали ќе изградите похармонична перспектива во периодот што следи. Тоа ќе ви овозможи значајни промени и подобрени основи за напредок во љубовта и работата. Затоа напредувајте на духовен план, размислувајте позитивно и фокусирајте се кон мигот на сегашноста.

Јарец (22.12 – 19.01)

Доколку размислувате оптимистички и менталната сила ја употребите за продвижување на работите кон нагорната линија, ќе успеете да отворите похармонична перспектива и спонтано ќе ги надминете тешкотиите. Негативните моменти што подолг период ве следат на емотивен план, постепено ќе почнат да попуштаат

Водолија (20.01 – 18.02)

Околностите во кои се најдиовте, сфатете ги како игра на судбината која неретко ве става пред навидум неразрешливи ситуации, но кои начелно сте умееле успешно да ги надминете. Без оглед на околностите со кои ќе се соочите, верувајте дека имате квалитет и енергија за воспоставување на хармонијата во животот.

Риби (19.02 – 20.03)

Наместо да исчекувате што другите ќе кажат и да ја пасивизирате силата, најдобро е да ги преземете работите во своите раце и да го направите првиот чекор што ќе ве одведе кон вистинската трансформација и регенерација. Затоа, отворете се за искушенијата, не стравувајте од непознатото и прекинете ја кризата што подолго време ја следи вашта личност.

Д-Р ЗОРАН КРСТЕВСКИ

едукатор, мотиватор и тренер за личен развој