Месечен хороскоп Септември – Октомври 2022

Месечен хороскоп Септември – Октомври 2022

промени кај овните, ризици за јарците

Овен (21.03 – 19.04)

Промените ќе бидат актуелни во периодот што следи. Без оглед што успеавте да ги надминете проблемите во односот со блиските, сепак не треба премногу да се опуштате, зашто лесно може да се случи сето она што упорно и трпеливо го градевте, да се сруши како кула од карти. Мудрото постапување е основата за вашето напредување.

Бик (20.04 – 20.05)

Не треба да се надевате на успех бидејќи односот што го развивавте кон околностите на животот, не ветува реализација и излез од кризата. Ќе мора нешто да промените, односно да покажете поголема одговорност, чувство за другите и стабилност во однесувањето, ако сакате да ја воспоставите психофизичката рамнотежа.

Близнаци (21.05 – 20.06)

Направете план пред да дејствувате, зашто само со трпеливо и дисциплинирано однесување ќе супеете да ги реализирате потенцијалите. Најважно е што поголемиот број на проблеми ги оставивте зад себе и што многу поспонтано ќе можете да им пријдете на новите ангажмани и да постигнете напредок.

Рак (21.06 – 22.07)

Не треба да ве зафати стравот од предизвици, иако планетите нема да ви овозможат реализација и хармонична егзистенција. Најважно е да се оттргнете од непродуктивните состојби и да не ги форсирате активностите, што само за в миг ќе ви се чинат привлечни. Посветете внимание на здравјето.

Лав (23.07 – 22.08)

Имате одлични можности за ацврстување на положбата во професионалната сфера и за воспоставување многу похармонична перспектива во емотивниот однос. Причината за задоволството се наоѓа во позитивното влијание на ѕвездите и во потпирањето на сопствените сили. овој период е поволен за купопрдажба на недвижности.

Девица (23.08 – 22.09)

Преголемото вложување на време и енергија во контактите со другите, не ви донесе хармонични резултати и перспективна соработка, така што е неопходно нешто да промените во тактитака, ако сакате да се извлечете од меланхоличниот период и ослободите од напнатоста. Доколку имате можност отпатувајте некаде.

Вага (23.09 – 22.10)

Сочувајте ја својата енергија. Проблемите што ве следат на емотивен план, нема да ги елиминирате, ако не се обидете со позитивен пристап да влијаете на лицата кои ве опкружуваат. Всушност, иако за многу работи ја говорите вистината, неопходно е да сфатите оти во миговите на криза, секогаш попаметниот попушта.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не треба премногу нервозно и тврдоглаво да се однесувате, зашто спонтаноста и широчината на духот ви се нужно потребни. Внатрешната тензија ќе исчезне ако работите на прифаќањето на самите себеси, гледате позитивно на судбината и отворите нова страница во животот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доволно чекавте работите да се помрднат од мртвата точка, зашто без енергично и храбро дејствување, ретко може да се востпостави промената и да се тргне кон похармоничната перспектива. Успехот ќе пристигне само треба да бидете порешителни.

Јарец (22.12 – 19.01)

Направете план пред да се зафатите со ризичните активности, зашто ако непромислено дејствувате тогаш нужно ќе се соочите со ризици и потешкотии, од кои нема лесно да се ослободите. Клучно е да ги препознаете опасностите и да тргнете напред кон животот.

Водолија (20.01 – 18.02)

Не верувајте во се што ќе слушнете или што ќе ви биде сервирано, зашто неретко ви се случувало максимално да им подлегнете на туѓите сугестии и да прифатите односи што се покажале непродуктивни и поразителни. Аналитичноста и трпеливоста се клучот на успехот. Посветете поголемо внимание на психофизичката состојба на личноста.

Риби (19.02 – 20.03)

Потребно е добро да се организирате и да им дадете приоритет на контактите со лицата кои позитивно ве стимулираат, а да се дистанцирате од оние кои ви ја крадат позитивната енергија. Мудро и трпеливо искористете ги вредностите, но внимавајте и на своите слабости.

д-р Зоран Крстевски
Едукатор, мотиватор и тренер за личен развој