Одмор кај водолиите, љубов за скорпиите
Овен (21.03 – 19.04)
Иако негативното влијание на Марс ќе ве истошти на психофизички план, сепак меланхолијата краткотрајно ќе биде присутна, така што успешно ќе се справите со искушенијата и ќе успеете работите да ги доведете во најдобар ред. Се препорачува мудро да постапувате со своите финансии. Советот е да покажете поголем интерес за семејните состојби и повеќе да инвестирате во љубовта.
Бик (20.04 – 20.05)
Ѕвездите ве советуваат да одите на сигурно, да не се истрчувате со пласирањето на идеате во јавноста и да не дозволувате другите да ве изманипулираат и одведат во бесперспективна состојба. Најважно е да бидете аналитични, селективни и подготвени за соочување со непријатностите. Внимавајте на здравствената состојба на блиските и не влегувајте во ризични ситуации
Близнаци (21.05 – 20.06)
Ви се препорачува на објективен начин да ги согледате околностите и да уживате во мигот на сегашноста, зашто колку и да се трудите нема да можете да го вратите тоа што поминало. Не треба да се оптоварувате на психофизички план и да се окупирате со туѓото незнаење и незаинтересираноста за согледување на вашите вредности.
Рак (21.06 – 22.07)
Без оглед што поседувате високи вредности и што заслужувате среќата и хармонијата да ви бидат максимално присутни, сепак стагнацијата и психофизичката напнатост како постојано да ја следат вашата личност. Влијанието на Јупитер во вашиот знак ќе ви помогне да се извлечете од кризата и да ја почувствувате убавата енергија на постоењето.
Лав (23.07 – 22.08)
Време е да се ориентирате кон нештата кои ве привлекуваат. Преземете иницијатива, односно престанете да очекувавте проблемите да се решат самите по себе. Космичката интелигенција секогаш ги заштитува оптимистите и позитивците. Ѕвездите ќе ви донесат одлична можност за воспоставување на трансформацијата и за дистанцирање од сé што се покажа ограничувачко и неконстуктивно во вашиот живот.
Девица (23.08 – 22.09)
Понекогаш не е добро премногу емотивно да реагирате, зашто тоа може да влијае врз вашата аналитичност и способност за ефектуирање на планираните активности. Бидете внимателни во моментите кога не постојат можности за успех, но дејствувајте храбро кога ќе ја почувствувате вистинската инспирација. Периодот е позитивен за патување.
Вага (23.09 – 22.10)
Уживајте во успехот и задоволствата кои ги постигнавте со макотрпна работна ангажираност, одговорност и многу откажувања. Најголемиот товар полека, но сигурно успеавте да го расчистите, така што е дојдено време мудро да се организирате и со оптимизам и самодоверба да тргнете кон новите предизвици.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Искористете ги високите вредности, не верувајте во туѓите ветувања, покажете трпеливост и селективност и очекувајте подобрување на состојбата. Успехот ќе биде достижен, посебно ако ги елиминирате слабостите и подготвено ги пречекате искушенијата. Бидете отворени за љубовни доживувања.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Храбро издржете ги миговите полни со искушенија и иницирајте промени. Доволно ги потиснувавте сопствените вредности и дозволувавте да ве разнебитуваат туѓите недобронамерни влијанија. Поседувате високи квалитети кои е неопходно да ги ставите во функција.
Јарец (22.12 – 19.01)
Конечно ќе можете да здивнете, зашто планетите се хармонично поставени кон вашиот знак. Ќе имате одлични предиспозиции за елиминирање на непродуктивните ситуации, така што насочете се кон соработката и дејствувајте енергично. Со развивање на оптимизмот и самодовербата, нештата ќе ви се отворат уште полесно.
Водолија (20.01 – 18.02)
Потребно е добро да се одморите, бидејќи насокоро ве очекуваат мошне напорни активности. Затоа, елиминирајте ги ангажманите што не ветуваат успех, бидете аналитични и трпеливи при соочувањето со непознатото, односно не им дозволувајте на другите да ви ја крадат позитивната енергија. Почесто престојувајте во природа.
Риби (19.02 – 20.03)
Внимавајте да не станете жртва на надворешните влијанија и на запоставувањето на сопствените приоритети. Сепак, вашата емпатичност и одговорност треба да ви помогнат да излезете од психофизичката криза и да ја воспоставите потребната хармонија. Ѕвездите ви препорачуваат да продолжите да се однесувате хумано и ангажирано, бидејќи афирмативниот
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој