Модар патлиџан со калинки и прелив од јогурт

Модар патлиџан со калинки и прелив од јогурт

Потребни состојки:

  • 2 средни модри патлиџани (исечкани по должина)
  • 100 г јогурт со ниска масленост
  • 1 лажица хималајска сол
  • мелен црн пипер
  • свеж коријандер по вкус
  • 1/2 чешне лук, столчен
  • 20 г крупно сечкани ореви
  • цеден сок од 1/2 лимон
  • 1 калинка

Подготовка:

Посолете ги парчињата модар патлиџан и оставете ги да се исцедат од вишокот вода. На електрична скара загреана на висока температура ставете ги парчињата модар патлиџан и печете ги 3-4 минути од двете страни се додека добијат златна боја и траги од скарата. Во подлабок стаклен сад ставете ги јогуртот, коријандерот, оревите, сокот од лимон, лукот, солта и црниот пипер. Измешајте ги сите состојки заедно и преливот е подготвен. Прелијте ги модрите патлиџани штом се оладат и озгора декорирајте ги со зрна калинка.