Нега за собните цвеќиња во зима

Нега за собните цвеќиња во зима

Зимата е вистински предизвик за да се одржат во живот собните цвеќиња. Намалената светлина, сувиот воздух и ниските температури го зголемуваат ризикот од сушење.

СВЕТЛИНА

светлината што продира до прозорците е намалена за 50%

Бидејќи сонцето е пониско, светлината што продира до прозорците е намалена за 50%. Затоа, сторете го следното:
·      Сместете ги саксиите што поблиску до прозорците.
·      Избришете ги прозорците за да овозможите максимална трансмисија на светлината.
·      Избришете ја правта од листовите за целосно да ја искористат светлината.

ТЕМПЕРАТУРА

Идеалната дневна температура за собните цвеќиња изнесува од 18 до 23 степени и 10 степени пониска за навечер.
·      Бидејќи дома ни е потопло, не сместувајте ги близу грејните тела.
·      Оддалечете ги барем неколку сантиметри од прозорите.
·      Ако мора да стојат на полицата од прозорот, под нив, или меѓу нив и стаклото, постелете черга.

НАВОДНУВАЊЕ
доволно е еднаш неделно

Во зимскиот период цвеќињата страдаат од пречесто наводнување, доволно е еднаш неделно.
·      95 % од цвеќињата имаат потреба за вода кога нивната земја комплетно ќе се исуши. Сувата површина не е доволен показател, затоа брцнете го прстот во саксијата околу 3-4 см, ако земјата е сува, тогаш ставете вода.
·      Не оставајте ги цвеќињата да стојат во водата насобрана во тацната, таа вода истурете ја.