Состојки за подлога:
- 45 г бразилски ореви
- 45 г цели бадеми
- 65 г урми
- 45 г мелени бадеми
- 3 лажици кокосово масло
Состојки за карамел:
- 1 шолја урми
- 1 лажица вода
- 3 лажици путер од бадеми
- 2 лажици мака во прав
- 4 лажици кокосово масло
- 1 лажица агаве сируп
Состојки за чоколаден прелив:
- 300 г какао путер
- 3 лажици како во прав
- 30 г агаве сируп
- 1/4 кафена лажица екстракт од ванила
Подготовка:
Направете хомогена смеса од состојките за подлогата служејќи се со процесор за храна. Натапкајте ја смесата во тавче, треба да добиете дебелина од 1.5 см. Блендирајте ги состојките за карамел со голема брзина за да добиете мазна текстура и сипете ја врз подлогата. За да го подготвите чоколадниот прелив, неопходно е да го растопите како путерот на пареа, па оставете го да се олади 10 мин. Потоа додајте ги какаото во прав, агаве сирупот и екстрактот од ванила. Истурете го чоколадниот прелив брз карамелот, а готовиот десерт ставете го во ладилник за да се стегне околу 2 часа. Штом е готов, исечете го на коцки.