ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ – МОДА ИЛИ ЗАШТИТА

ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ – МОДА ИЛИ ЗАШТИТА

Очилата за сонце се еден од најзначајните модни додатоци кои имаат многу поважна улога: заштита од штетните влијанија на сончевите зраци! Зошто е важно да одбереме квалитетни очила за сонце?

Сончевите зраци може да му наштетат на окото
Сончевата светлина претставува енергија која се апсорбира во окото, поттикнувајќи биохемиски реакции кои може да доведат до трајни оштетувања доколку сме изложени на зрачење кое нашето око не може да го поднесе.

Ултравиолетовото (УВ) зрачење кое е невидливо за човековото око, интензивното блескаво светло и сината светлина која настанува со одбивање на светлината од водните површини, песокот, снегот и асфалтот, можат да доведат и до трајни оштетувања на поединечни делови од окото: макуларна дегенерација, перде, забрзано стареење на мрежницата и сл.

Очилата за сонце
·                     Правилно избраните очила за сонце треба да ви ги заштитат очите од УВ светлина.
·                     Тие треба да бидат удобни за носење и да не го заматуваат видот.
·                     Многу темни очила за сонце предизвикуваат ширење на зениците и овозможуваат поголемо изложување на окото на штетните УВ зраци што може да доведе до трајни последици.
·                     Поларизираните стакла ги штитат очите од одблесокот кој настанува со одбивање на светлината од водните површини, снегот, песокот и асфалтот.

Мерки за заштита на вашите очи
·                     Задолжителни очила со назнака „100% УВ заштита“.
·                     Носете шешир со широка стреа за дополнителна заштита.
·                     Очилата со поларизирани стакла се задолжителни за професионалните возачи и спортисти, кои поминуваат повеќе време на вода и снег.
·                     На лицата на кои им се имплатирани леќи, задолжително е носење соодветни очила во консултација со офталмолог.
·                     Купувајте очила во специјализирани продавници кои гарантираат квалитет.