Чувство што го следи човекот и кога е меѓу толпа народ
Осаменоста е универзална човечка емоција, која е сложена и уникатна за секој поединец. Бидејќи не постои универзална причина за најзината појава, превенцијата и третманот на оваа потенцијално штетна состојба на умот може драматично да се разликуваат. На пример, осамено дете кое се бори да се дружи на училиште има различни потреби од осамениот возрасен чиј сопружник неодамна починал.
Дефиниција за осаменост
Осаменоста е состојба на умот. Осаменоста предизвикува луѓето да се чувствуваат празно, изолирано, несакано дури и кога се опкружени со многу луѓе. Луѓето кои се осамени често копнеат за човечки контакт, но нивната состојба на умот го отежнува воспоставувањето врски со другите луѓе.
Осаменост наспроти самотија
Истражувањата јасно покажуваат дека осаменоста и изолацијата се лоши и за менталното и за физичкото здравје, но да се биде сам не е исто што и да се биде осамен. Всушност за менталното здравје понекогаш е добро да се биде сам. Тоа им овозможува на луѓето подобро да се фокусираат, да погледнат во себеси, да размислат за многу нешта и да се наполнат енергетски.
Осаменоста ја следи чувство на отфрленост, иако индивидуата има силна потреба од социјални врски. Често се перцепира како неволно одвојување, отфрлање или напуштање од други луѓе. Самотијата, од друга страна, е доброволна. Станува збор за луѓе кои уживаат да поминуваат време сами, но тие продолжуваат да одржуваат позитивни социјални односи на кои можат да им се вратат секогаш кога имаат потреба од поврзување. Тие се уште поминуваат време со другите, но овие интеракции ги балансираат со периоди на изолација.
Причини за осаменост
Факторите кои придонесуваат за осаменост може да бидат различни ситуациски варијабили, како физичка изолација, преселба на нова локација и развод. Смртта на некој значаен во животот на една личност, исто така, може да доведе до чувство на осаменост.
Дополнително, осаменоста може да биде симптом на психолошко нарушување како што е депресијата. Депресијата често предизвикува луѓето да се повлечат социјално, што може да доведе до изолација. Експертите сугерираат дека осаменоста може да биде фактор кој придонесува за симптоми на депресија. Осаменоста може да се припише и на внатрешни фактори како што е ниската самодоверба. Луѓето кои немаат доверба во себе честопати веруваат дека не се достојни за внимание или почит од другите луѓе, што може да доведе до изолација и хронична осаменост.
Карактерот на личноста исто така може да игра улога. На пример, интровертите имаат помала потреба да бараат и да негуваат социјални врски, што може да придонесе за чувство на изолација и осаменост.
Што велат истражувањата за осаменоста?
Луѓето кои се чувствуваат помалку осамени имаат поголема веројатност да бидат во брак, да имаат повисоки примања и да имаат повисок образовен статус.
Со пријатели прови осаменост…
Статистиката сугерира дека осаменоста станува се поприсутна, особено кај помладите генерации. Според едно истражување од 2019 година, 25% од возрасните на возраст меѓу 18 и 27 години, изјавиле дека немаат блиски пријатели, додека 22% изјавиле дека воопшто немаат пријатели. Експертите советуваат дека осаменоста најдобро се надминува со квалитетни врски и односи, а не со слаби и безначајни, а многу на број. Искуствата од вистинските контакти лице в лице со пријателите и блиските, најмногу го зајакнува чувството на благосостојба кај луѓето.
Осаменоста може да биде заразна!
Една студија сугерира дека осаменоста всушност може да биде заразна. Истражувањата покажаа дека луѓето кои поминуваат време со осамени луѓе е поверојатно да развијат чувствпо на осаменост во текот на животот.
Здравствени ризици поттикнати од осаменост
Осаменоста има широк спектар негативни ефекти брз физичкото и менталното здравје, а ова се дел од нив:
- Злоупотреба на алкохол и дрога
- Променета функција на мозокот
- Прогресија на Алцхајмеровата болест
- Асоцијално однесување
- Кардиоваскуларни болести и мозочен удар
- Намалена меморија и учење
- Депресија
- Зголемено ниво на стрес
- Лошо одлучување
Ова не се единствените области во кои осаменоста го зема својот данок. на пример, осамените возрасни помалку вежбаат од оние кои не се осамени. Нивната исхрана е повисока со масти, нивниот сон е помалку ефикасен и тие пријавуваат поголем дневен замор. Осаменоста исто така ја нарушува регулацијата на клеточните процеси длабоко во телото, поради што осамените луѓе се склони на предвремено стареење.
Совети за спречување и надминување на осаменоста
Размислете за општествено корисна работа или друга активност во која уживате. Добротворните организации се одлична можност за запознавање нови луѓе.
Надевајте се на најдоброто. Фокусирајте се на позитивните мисли и ставови во вашите социјални односи.
Развијте 1 или 2 квалитетни односи. Побарајте луѓе кои споделуваат слични ставови, интереси и вредности со вас.
Признајте дека осаменоста е знак дека нешто треба да се промени во вашиот живот. Не очекувајте дека работите ќе се променат преку ноќ.
Разберете ги ефектите на осаменоста врз вашиот живот. Ако препознаете некои симптоми кои влијаат на тоа како се чувствувате, направете свесен напор да се борите со нив.
Придружете се на група или започнете своја. Искористете ги социјалните медиуми за да се приклучите во некој клуб на читатели, клуб на одгледувачи на миленици и слично.
Зајакнете ја моменталната врска. Градењето нови врски е важно, но подобрувањето на постоечките врски може да биде полесен начин да се изборите со осаменоста.