Овчите сипаници или варичела е заразна, акутна инфективна болест, предизвикана од вирусот херпес зостер , кое најчесто се јавува кај децата на возраст од 2 до 8 години. Со високата инфективност многу лесно се шири преку директен контакт и аерокапков пат, па не се поштедени и возрасните што не ја прележале, или не се вакцинирани. По инфекцијата, луѓето обично добиваат доживотен имунитет.
Распространетост: Овчите сипаници се широко распространети низ целиот свет и се една од најчестите детски болести. Се проценува дека пред воведувањето на вакцината, речиси секое дете ја имало оваа болест пред да наполни 15 години. Со воведувањето на вакцината, бројот на случаи значително се намали во многу земји. Најголем број на случаи се регистрирани во текот на зимските и пролетните месеци.
Симптоми на овчите сипаници
- Почетна фаза: Блага температура, Течење на носот, Блага кашлица
- Развој на осипот: Србежлив, пликовиден осип кој започнува на градите и лицето, а потоа се шири. Пликовите можат да се појават во бранови, со нови дамки кои се појавуваат додека старите преминуваат во красти. Во тешки случаи, пликовите можат да се појават во ушите, устата и на капаците
- Фаза на красти
Пликовите преминуваат во красти и паѓаат за 10-14 дена.
Предупредувачки знаци за консултација со лекар:
- Температура која трае повеќе од 4 дена или се зголемува над 39°C
- Силна кашлица или тешкотии со дишењето
- Осип од кој тече гној или станува црвен, топол, отечен или болен
- Силна главоболка, необична поспаност, тешкотии со будење, чувствителност на светлина, тешкотии со одење, конфузија, силна болест, повраќање или крут врат
Заразност и јавни мерки за заштита
- Училишта и градинки: Информирајте ги институциите и држете ги децата дома додека пликовите преминат во красти. Координирајте се со наставниците за секој поединечен случај
- Јавни места: Избегнувајте игралишта, базени и јавни места за да спречите ширење на вирусот, особено кај бремени жени или луѓе со ослабен имунитет
- Капење: Брзи туширања или бањи во млака вода можат да го олеснат србежот. Избегнувајте топла вода и долги бањи
- Летање: Децата со овчи сипаници обично не се дозволени да летаат додека не се потполно закрепнати поради ризикот од ширење на вирусот преку вентилациските системи на авионите
Лекување и олеснување на симптомите
Потребна е изолација и мирување со спроведување на симптоматска, а по потреба и антибиотка терапија. Исхраната треба да биде млечна и вегетабилна, а се препорачува и внесување на пообилни количини на овошје и зеленчук со цел да се внесат поголем број на витамини во организмот. Да се започне со засилување на имунитетот со инозин, бетаглукани, пробиотици, цинк и високи дози витамини Ц, Д и Б.
• Kidnsner Пена за сипаници со ефект на ладење : Обезбедува ефикасно олеснување на сврбежот без иритација на пликовите. За подобар ефект на ладење, складирајте го во фрижидер пред употреба.
Дополнителни совети:
- Држете ги децата подалеку од сонце за да го намалите чешањето
- Кратете ги ноктите и покријте ги рацете и нозете преку ноќ за да спречите гребење
- Облекувајте ги децата во лесна, проветрена облека
- Обрнете посебно внимание на хигиената и обезбедете многу нега и љубов
- Избегнувајте употреба на НСАИЛ како ибупрофен а аспиринот исто така е контраиндициран кај деца до 18 години бидејќи е поврзан со ризик за развој на Рејев синдром (оштетување на мозокот и црниот дроб со висока стапка на морталитет)
Др. Сандра Јовановска
Доктор по општа медицина