Потребни состојки:
- 75 г млад грав (користете замрзнат ако нема свеж)
- 200 г аспарагус
- 170 г грашок (свеж или замрзнат)
- 350 г шпагети или таљатели
- 1 лажица маслиново масло, плус малку за сервирање
- 1 лажица путер
- 200 мл неутрална павлака
- грст сечкани билки (нане, јаглика и власец)
- рендан пармезан за сервирање
Подготовка:
Во големо тенџере ставете вода да зоврие и ставете цедалка над водата. Гравот, аспарагусот и грашокот варете ги на пареата додека да омекнат, па оставете ги настрана. Гответе ги тестенините следејќи ги упатстава на пакувањето. Во меѓувреме, пржете го празот на маслиново масло и путер околу 5 минути или додека да омекне. Додајте ја неутралната павлака и мешајте убаво за да се згусне рамномерно. Додајте ги зачините и зелечнукот зготвен на пареа. Во случај зелечнукот да се залепи, раздвојте го со малку од водата во која се вареа тестенините, па ставете го во сосот. На крајот додајте ги сварените и процедени тестенини. Зачинете со сол и бибер, а потоа послужете со пармезан и неколку капки маслиново масло озгора.