Пица со кора од црвена леќа

Пица со кора од црвена леќа

Потребни состојки за кора:

  • 1 чаша црвена леќа
  • 1/2 чаша вода
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1/2 лажичка оригано
  • 1 лажица маслиново масло

Додатоци по избор:

  • 2-3 лажици сос од домати
  • 1 моцарела
  • шери домати, маслинки, рукола, шампињони, тиквички

Подготовка:

Измијте ја црвената леќа и потопете ја во вода да отстои најмалку 3-4 часа, или преку ноќ. Исцедете ја леќата и ставете ја во блендер. Додајте 1/2 чаша свежа вода, сол, лук, оригано и маслиново масло. Блендирајте додека не добиете густа, мазна смеса, налик на тесто за палачинка.
Истурете ја смесата на плех обложен со хартија за печење и распоредете ја рамномерно со дебелина од околу 0,5 см. Печете ја кората во загреана рерна на 200°C околу 20-25 минути, додека не се стврдне и добие златна боја. Извадете ја кората од рерна, премачкајте ја со доматен сос, наредете ги состојките по ваш избор и наросете кашкавал. Вратете ја во рерна уште 10 минути, само колку да се стопи кашкавалот.