Пилешко во јогурт и зачини

Пилешко во јогурт и зачини

Потребни состојки:

300 мл јогурт со ниска масленост

2 кафени лажички ситно сечкан кромид

1 лажица рендан свеж ѓумбир

1 лажица маслиново масло

½ кафена лажица црвен пипер

1 кафена лажица ким

¼ кафена лажица куркума

3 ситно сечкани чешни лук

170 г пилешки гради

½ кафена лажица хималајска сол

Подготовка:

Помешајте ги состојките, освен солта. Исечете го стекот на шницли со дебелина од 1 см и наредете ги во маринадата. Ставете ги во фрижидер да се маринираат околу 2 часа. Извадете ги шницлите од маринадата и убаво исцедете ги. Посолете ги од двете страни и печете ги на 180 степени додека да добијат златна боја.