Пита од хељда

Пита од хељда

Потребни состојки:

  • 100 г хељда
  • 1 јајце
  • малку сол

Состојки за фил:

  • 200 г урда
  • 2-3 раце млад спанаќ
  • 100 г грчки јогурт
  • 1 јајце
  • сусам

Подготовка:

Потопете ја хељдата во вода и оставете ја да отстои најмалку 2 часа, а потоа добро процедете ја. Ставете ја хељдата во подлабок сад, додајте го јајцето и посолете ја смесата. Убаво промешајте ги состојките и сипете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ја кората 10-тина минути на 200 степени. Соединете ги состојките за филот и сипете го врз кроата, а озгора поросете со сусам. Вратете ја питата во рерна да се допече уште 15 минути.