Потребни состојки:
- 50 г путер
 - 3 страка праз, ситно сечкан
 - 1 гранче мајчина душица
 - 100 г печурки
 - 5-6 парчиња пилешки стек исечкан на коцки
 - 30 г брашно
 - малку бело вино (по избор)
 - 300 мл пилешка супа
 - 500 мл неутрална павлака (хопла)
 - 1/2 цеден лимон
 - готово тесто за пита или лиснато
 
Подготовка:
Загрејте го путерот во плитка тава и ставете го празот да се пржи на тивок оган и зачинете со мајчина душица. Додајте ги печурките и пржете уште 5 минути, а потоа малку засилете го огнот. Додајте го месото и пржете го додека да порумени, а потоа разнесете го брашното врз смесата и гответе уште 2 минути постојано мешајќи.
Сипете малку вино по вкус и пржете уште 1 минута. Сипете ги сокот од лимон, хоплата, зачините и штом почне смесата да се згуснува тргнете ја тавата од оган. Расукајте го тестото во кора со која ќе го обложите огноотпорниот сад за питата. Сипете го месото, а озгора поклопете ја питата со уште една кора свиткана на краевите. Премачакјте ја кората со жолчка од јајце.
Печете на 200 степени околу половина час додека питата порумени.
